PowerShot SX10 IS е опремен со 20x широкоаголен зум со оптички стабилизатор на слика, за подобар телефото перформанс. DIGIC 4 обезбедува брзо, високо квалитетно сликање, додека целосниот рачен режим нуди креативна контрола.
|
Супер зумирање Моќниот 20x широкоаголен (28mm, f/2,8) оптички зум обезбедува врвно телефото достигнување и флексибилност на композиција. Со Ултра соничниот мотор (USM) и Voice Coil Motor (VCM), зумирањето е брзо, точно и скоро бесшумно, додека пак познатата технологија на Canon за Оптичко стабилизирање на слика се справува со тресењето на камерата.
Висока резолуција Сензорот од 10,0 мегапиксели фаќа најмали детаљи за супериорни големи отпечатоци или проширени креативни опции при намалување на снимки.
DIGIC 4 Со најновата технологија за процесирање на слика која е вградена во него, DIGIC 4 обезбедува зачудувачко намалување на изобличеноста. Добиениот резултат се слики богати со детаљи, почисти слики, дури и кога се снима со високи ISO брзини. DIGIC 4 исто така нуди исклучителни брзини на процесирање и прилагодливо работење.
Технологија на откривање лице Одлични снимки на луѓе – и филмови – се прават лесно со најновата технологија Откривање лице AF/AE/FE/WB која ги открива дури и најоддалечените или делумно видливи лица. Избор и следење на лице (Face Select & Track) ги оптимизира нагодувањата за избраното лице, додека пак FaceSelf-Timer ве чека да го внесете кадарот за одлични автопортрети и снимање на поголеми групи.
Против заматеност PowerShot SX10 IS се справува со потенцијалната заматеност со Високата ISO технологија за автоматско детектирање на движење (High ISO Auto and Motion Detection Technology), која го потврдува движењето и на камерата и на предметот за да го нагоди оптималниот ISO, без оглед на ситуацијата во која се снима. Серво AF ги следи предметите во движење за да овозможи тие да останат во фокусот.
Креативна контрола Заедно со низа режими за олеснување на снимањето во невообичаени ситуации, PowerShot SX10 IS исто така нуди целосен рачен режим за да ви овозможи целосна креативна контрола.
LCD со голем варијабилен агол LCD со 2,5", голем варијабилен агол и висока резолуција го прави подеднакво лесно ставањето во кадар и репродуцирањето. Режимот на ноќен приказ ја зголемува видливоста при слабо светло.
Лесен пристап Лесното за користење Вртење со повеќе контроли (Multi Control Dial) обезбедува брз, практичен и точен пристап до ставките, функциите и сликите. Прилагодете го системот на менито со Мое мени за брз пристап до функциите што најмногу ги користите.
Оптимален контраст i-Contrast ја зголемува осветленоста во темните зони и при снимање и при репродуцирање. Резултатот е подобрен контраст со задржани детаљи во услови на не многу добро осветлување.
Филмови со стерео звук Креирајте долгометражни, високо квалитетни 30fps VGA отсечоци од филмови со стерео звук со CD квалитет. Точен автоматски фокус и експозиција се постигнуват дури и кај предмети во движење.
Компатибилен со Speedlite За проширени опции за снимање и подобра покриеност со светло, PowerShot SX10 IS е компатибилен со палетата на блицеви EX Speedlite на Canon.
|