Компактни дигитални

Canon PowerShot SX410 IS

Доловувајте ги специјалните моменти со неверојатни фотографии и HD видеоснимки со помош на овој мини хибриден фотоапарат наменет за целото семејство.

Придобивки

  • Мал фотоапарат со разновидни опции и 40x зум за секоја прилика

  • Снимете извонредни детали со 20,0 MP

  • Остри фотографии и стабилни видео снимки со интелигентна стабилизација на сликата

  • Дизајн кој овозможува постабилни снимки и удобно фотографирање

  • Секој може да сними прекрасни снимки на едноставен начин со интелигентниот автоматски режим

Детални карактеристики

  • Доловете го секој детал далеку и широко

    Пронајдете ги и доловете ги сите детали кај далечните објекти на едноставен начин. Големиот оптички зум од 40x е уредно сместен во куќиште со мал дизајн кое е лесно за носење, независно од ситуацијата. Снимајте одлични групни фотографии и неверојатни пејзажи со извонредно широкиот агол од 24mm.

  • Исклучителни детали за вашите најдобри спомени

    Уживајте во детални слики со исклучителен квалитет. Обликувајте го кадарот или отсекувајте ги вашите фотографии со голема флексибилност за да создадете неверојатни материјали со големина на постер, благодарение на резолуцијата од 20,0 мегапиксели.

  • Прекрасни и остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални видеоснимки и фотографии, без разлика што снимате - дури и при максимален зум или при рачно фотографирање со слаба осветленост.

  • HD видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето одлични видео снимки е многу лесно и забавно. Со допирање на едно копче, можете да снимате прекрасни и стабилни HD (720p) видеоснимки без напор - дури и кога фотографирате во движење.

  • Удобно и стабилно фотографирање

    Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимањето прекрасни фотографии или видеоснимки е навистина лесно со интелигентниот автоматски режим, кој ги избира совршените подесувања наместо вас – независно од сцената. Сè што треба да направите е да насочите и да снимате.

  • Разбудете ја вашата креативност

    Експериментирајте и забавувајте се со палетата на креативни филтри. Можете да создавате изобличувања слични на оние кај објективите за ефект на рибино око, да правите минијатурни модели во сцените на фотографиите и видео снимките и многу повеќе.

  • Еко режим

    Одличен за патувања во текот на денот. Еко режимот ја намалува потрошувачката на енергија од батеријата, за да можете да доловите повеќе слики со едно полнење на литиум-јонската батерија на полнење.

Спецификации

  • 40x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирајте до 80x со одличен квалитет

  • 20 мегапиксели

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Автоматски режим со откривање на 32 видови на сцени

  • 720p видео снимки

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Оптимизирање на фотографиите на кои има луѓе

  • Разни ефекти за поголема креативност

  • Веднаш почнете да снимате видео снимки

  • Заштеда на енергија за повеќе снимки

  • Компатибилност со Canon Connect Station

PowerShot_SX410_IS WITB Black

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX410 IS

  • Ременче за на зглоб WS-DC12

  • Батерија NB-11LH

  • Полнач за батерии CB-2LFE

  • AC кабел

  • Капаче за објектив 

  • Комплет со упатство за користење