Компактни дигитални

Canon PowerShot SX60 HS

Откријте ги деталите во дивината од далечина со овој фотоапарат со зум до 65x и кој нуди комбинација од забава и професионална контрола.

Придобивки

  • Откривајте детали во далечина како никогаш досега со огромниот зум до 65x

  • Брз и флексибилен, за секогаш да ја добивате саканата снимка

  • Дизајниран земајќи ги предвид големото зумирање и вашата удобност

  • Уживајте во прекрасни и остри снимки и јасни Full HD видео снимки - во текот на денот или ноќта

  • Фотографирајте од далечина и споделувајте на едноставен начин преку Wi-Fi и NFC

Детални карактеристики

  • Фотографирајте со извонредна широчина и на огромна далечина

    Снимајте разновидни прекрасни снимки. Со неверојатниот зум до 65x и извонредно широкиот агол од 21mm, можете да фотографирате сè, почнувајќи од исклучително детални крупни кадри од животот во дивината, снимени на голема оддалеченост, па сè до импресивни пејзажи.

  • Следење без напор

    Следењето на далечни објекти со голем зум е навистина едноставно. Само притиснете го копчето и функцијата за помош за обликување на кадарот ќе изврши брзо оддалечување од сцената - за да можете повторно да го лоцирате вашиот објект - зумирајќи назад кога копчето ќе биде отпуштено. Подобрениот автоматски режим врши автоматско оддалечување кога објектот ќе почне да излегува од кадарот и Ви помага да го одржувате вашиот објект во однапред поставена големина.

  • Удобно и стабилно фотографирање

    Земајќи ја предвид удобноста, дизајнот ви овозможува постабилни слики при максимален зум и удобно фотографирање во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач. Електронскиот визир нуди ракување во вид на SLR и ви овозможува да гледате јасно во услови со силна сончева светлина. Ултрасоничниот мотор (USM) нуди брзо и тивко фокусирање и зумирање.

  • Одличен квалитет во секакви услови на осветлување

    Вашите слики ќе изгледаат така како што ги паметите, без разлика дали биле снимени преку ден или во темнина. HS системот на Canon – со DIGIC 6 и MP CMOS сензор со 16.1 - нуди неверојатен квалитет на слика и врвни перформанси при слаба осветленост. Лесно ќе можете да ја доловите вистинската атмосфера на моментот без да користите блиц или статив.

  • Остри резултати во секој момент

    Нема потреба да се грижите за тресењето на фотоапаратот кое може да ги уништи резултатите, благодарение на интелигентната оптичка стабилизација на слика. Овој фотоапарат се адаптира автоматски и обезбедува остри и детални фотографии, дури и кога снимате со максимален зум или рачно при слаба осветленост. Освен тоа, вашите видео снимки ќе бидат исклучително стабилни благодарение на напредната динамична стабилизација во 5 оски.

  • Доловувајте го моментот секогаш

    Животот брзо минува. Не пропуштајте ниту еден специјален момент и доловувајте неверојатно брзи случувања благодарение на ракувањето со неверојатно брз одзив и континуираното фотографирање со голема брзина.

  • Неверојатни слики на едноставен начин

    Снимајте прекрасни фотографии или видео снимки без напор со интелигентниот автоматски режим. Уживајте во забавен HD (720p) видео преглед од сликите што сте ги снимиле во текот на денот со хибридниот автоматски режим.

  • Реалистични видео снимки на дофат на вашите прсти

    Снимањето неверојатни видео снимки е многу лесно. Со допирање на едно копче, можете да снимате јасни и реалистични Full HD видео снимки со 60p, остар и јасен стерео звук благодарение на тивкото контролирање и зумирање. Исто така, можете да прикачите надворешен микрофон и рачно да ги контролирате нивоата на звук на фотоапаратот за уште поголема флексибилност.

  • Преземете ја контролата

    Разбудете ги вашите креативни вештини. Снимајте фотографии и видео записи со целосна контрола на експозицијата. Откријте нов свет на можности со RAW и галантеријата за EOS системи.

  • Поврзете се преку Wi-Fi

    Уживајте во слободата која ја нуди Wi-Fi. Вчитувајте слики и видео снимки на социјалните мрежи - директно од фотоапаратот. Или, пак, префрлете ги во вашиот паметен телефон или таблет уред со помош на копчето за поврзување на мобилен уред и NFC. Користете ја апликацијата CameraWindow од Canon за далечинска контрола на фотоапаратот преку вашиот паметен телефон и уживајте во практично складирање на PC и Cloud со Image Sync.

Спецификации

  • 65x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирајте до 130x со одличен квалитет

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • CMOS сензор со 16,1 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • Можност за одвојување за гледање од секој агол

  • Остар и јасен надворешен визир

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Извонредно брз AF и континуирано фотографирање во RAW

  • RAW во различни соодноси на слика

  • Порамномерни видео снимки со 1080p

  • Контрола на решетка, бленда и ISO при снимање видео

  • 6 различни слики од една снимка

  • Снимајте HDR без статив

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • Прикачете изборен микрофон

PowerShot_SX60

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX60 HS

  • Капаче за објектив (со врвка)

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Батерија NB-10L

  • Полнач за батерии CB-2LCE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење