Компактни дигитални

Canon PowerShot SX720 HS

Истражувајте со овој компактен фотоапарат со моќен зум и опции за поврзување кој е совршен за фотографирање и дење и ноќе.

Придобивки

  • Патувајте со лесен багаж и доловете ги сите моменти

  • Сè што ви е потребно за одлични видеоснимки

  • Поврзете се, споделувајте и правете резервни копии на едноставен начин

  • Совршен за моментите со кои најмногу се гордеете - и дење и ноќе

  • Едноставно или напредно, по ваша желба

Детални карактеристики

  • Патувајте со лесен багаж

    Овој моќен уред со џебна големина, кој е идеален придружник за патување, може да ве доближи до далечните детали со огромниот оптички зум до 40x. Интелигентната оптичка стабилизација на сликата со режимот Power IS создаваат остри и стабилни слики, особено при голем зум. Следете ги далечните објекти и уживајте во оптимално обликување на кадарот со функцијата за помош при обликување на кадарот.

  • Реалистични Full HD видеоснимки

    Снимајте реалистични Full HD видеоснимки со 60p со допирање едно копче и добијте стабилни снимени материјали при максимален зум или кога трчате со помош на динамичка стабилизација на слика во 5 оски и автоматското нивелирање. Снимајте видеоснимки од 4, 5 или 6 сек. со опциите за забавна репродукција користејќи ја функцијата за кратки видеозаписи или, пак, користете ја функцијата за најдобри моменти од приказните за интелигентно уредување на фотографиите и видеоснимките во видео албум.

  • Поврзете се и споделувајте

    Wi-Fi* со динамички NFC ви овозможува да се поврзете и да споделувате со компатибилни паметни уреди, со само еден допир. Снимајте одлични снимки од животот во дивината или автопортрети користејќи безжично далечинско фотографирање и користете GPS преку мобилни уреди за да евидентирате каде биле снимени фотографиите. Синхронизацијата на слики автоматски прави резервна копија од новите слики во услугите Cloud, како што е irista од Canon.

  • Совршен - и дење и ноќе

    Уживајте во прекрасни, остри и јасни снимки при секакви услови на осветлување, благодарение на HS системот кој нуди комбинација од CMOS сензор со 20,3 мегапиксели и моќен процесор DIGIC 6. Снимајте спонтани моменти со брзиот AF од 0,11 сек. и континуираното фотографирање со брзина од 5,9 fps. Обликувајте го кадарот, гледајте и споделувајте на едноставен начин преку големиот LCD екран (од тип 3,0) со висока резолуција (922k sRGB точки).

  • Едноставно или напредно

    Преземете го следниот чекор во креативното фотографирање со целосната рачна контрола на експозицијата и рачниот фокус со издвојување со MF кој ви овозможува совршено обликување на кадарот и фокусирање. Или, пак, само насочете и фотографирајте со хибридниот автоматски режим кој автоматски ги избира совршените поставки за фотоапаратот. Користете го режимот за креативни снимки за да го доловите истиот објект на различни уметнички начини.* Поврзувањето преку Wi-Fi и функциите се различни во зависност од моделот и регионот.

Спецификации

  • 40x wide-anlgle ultrazoom in a compact body

  • Зумирајте до 80x со одличен квалитет

  • CMOS сензор со 20,3 мегапиксели

  • Порамномерни видео снимки со 1080p

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Интелигентно уредување на видео албум со еден допир

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • Снимајте кратки записи со ефекти за репродукција

  • Брзо континуирано фотографирање

PowerShot_SX720

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX720 HS

  • Ременче за на зглоб WS-800

  • Батерија NB-13L

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење