CMOS сензор со 16,1 MP 16,1MP CMOS сензорот со APS-H големина, дизајниран и произведен од Canon, создава слики со неверојатно мал шум при најмала светлина. Сензорот исклучително ги доловува деталите кои се идеални за печатење во A3 или поголем формат, дури и по отсекувањето.
Групно снимање до 121 JPEG слика со макс. брзина од 10fps Доловете го секој момент од динамичните сцени со максималната брзина на снимање од 10fps на EOS-1D Mark IV, и со континуирано групно снимање до 121 голема JPEG слика (28 RAW).
AF систем со 45 точки AF системот со 45 точки со висока прецизност, кој се карактеризира со 39 сензори од вкрстен тип, за прв пат се јавува кај EOS-1D Mark IV. За да се обезбеди прецизно фокусирање кај објективите со брза решетка, се користат 39 сензори од вкрстен тип со висока чувствителност, погодни за објективи со решетка од f/2,8 или побрзо.
Снимање на Full HD видео Комбинирајќи фотографирање со врвен квалитет и можност за снимање на Full HD (1080p) видео со стапки на слики по избор на корисникот, EOS-1D Mark IV нуди огромна разновидност. За поголема контрола корисниците можат рачно да ја постават експозицијата или да изберат снимање со 720p или VGA резолуција. HDMI излезот овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии.
Фотографирање при слаба осветленост Благодарение на исклучително широкиот ISO опсег кај EOS-1D Mark IV од 100 до 12800 – кој може да се прошири до неверојатни ISO 102400 - фотографирањето може да продолжи дури и во најтемните услови.
3,0” Clear View II LCD екран со режим на прегледување во живо 3,0” Clear View II LCD екранот, со неговата висока резолуција од 920,000 точки, овозможува лесни детални проверки на сликите и видео записите. Употребувајќи конструкција со цврста градба, одблесоците се минимизираат што овозможува прегледувањето во живо да се користи при сите услови.
Двоен "DIGIC 4" Двојните “DIGIC 4” процесори на Canon овозможуваат обработка со голема брзина на сликите со висока резолуција од CMOS EOS-1D Mark IV сензорот, обезбедувајќи 14-битна обработка на сликата со рамномерна градација и природен изглед на боите. Двојниот “DIGIC 4” нуди напредно намалување на шумот при снимање со високи ISO брзини и моментално време на вклучување.
EOS вграден систем за чистење Вградениот систем на Canon за заштита од прав нуди професионално и сеопфатно решение за заштита на сликите од прав: намалување на внатрешното генерирање прав; внатрешен механизам за чистење на сензорот; автоматско отстранување на дамките од прав со испорачаниот Digital Photo Professional софтвер.
Целосна компатибилност со EF објективи и EX Speedlite блицеви На корисниците на EOS-1D Mark IV им е достапна комплетна палета на Canon EF објективи и Speedlite блицеви од EX серијата. Создадете систем по ваш вкус за да ги задоволите вашите фотографски потреби.
|