|
|
|
Дигиталните ЕОС фото-апарати SLR имаат поддршка од најисцрпниот систем на објективи во светот, кои се меѓусебно заменливи. Од ултра широкоаголен 14мм, до супер телефото објектив 600мм, објективите 60+ во сериите ЕФ ги опфаќаат сите можни барања за снимање фотографии. Видете го светот од нови перспективи. Снимете ја вашата визија низ очите на ЕОС.
|
|
|
|
|
|
| Објективите со утврдено фокусно растојание општо нудат поширок максимален отвор на блендата отколку објективите со зум. Од ултра-широкоаголните објективи соодветни за снимање во затворен простор, до долгите теле-објективи кои интензивно се користат за фотографирање диви животни, спортски настани и вести, Канон има објектив со фиксирано фокусно растојание кое вам ви одговара.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
| Објективите за зумирање се многу погодни. Тие се исто како два или повеќе фиксирани фокусни објективи сместени во еден уред. Максималниот отвор на блендата на некои објективи за зумирање се менува додека го менувате фокусното растојание но, мерачот на светлина низ леќи (ТТЛ), го зема во предвид за да овозможи правилна експозиција.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
| Со своите движења, овие специјални објективи ги прошируваат можностите за фотографирање уште повеќе. Ротирањето ви овозможува да снимате во длабочина дури и при максимален отвор на блендата, притоа одржувајќи го сè уште целиот предмет да остане во фокусот. Накосувањата го коригираат трапезоидниот ефект што се јавува на слики со високи објекти, како што се згради, така што предметот не изгледа искривен.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
| За малите нешта да ги прикажете во полна големина, изберете еден од објективите од оваа категорија. Макро објективите можат да откријат детал кој е невозможно да се открие со голо око и им даваат нова перспектива на екстремно ситните нешта како што се инсектите или ливчињата на ситно цвеќе.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
| Некои од објективите ЕФ на Канон имаат вградено стабилизатор на слика, за да се спречи треперење на фото-апаратот и расипување на сликата. Ова е особено корисно при снимање во крупен план или при мали брзини на блендата, во ситуации кога не може да се користи фото-апарат со голем формат. Оптичките треперења се откриваат со помош на жиро-сензори кои доставуваат податоци за неутрализирање на треперењето. Некои од објективите ЕФ имаат два режими на работење ИС, вклучувајќи еден за правење снимки во движење кои ви овозможуваат да уживате во уште поголема слобода на фотографирање.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
| Екстендер е име на Канон за теле-конвертор. Овие додатоци со високи перформанси го умножуваат ефективното фокусно растојание на прицврстениот објектив за х1.4 или х2 пати. На пример, објектив од 200мм со теле-конвертор х1.4 има ефективно фокусно растојание од 280мм: со теле-конвертот х2, истото се зголемува на 400мм. Теле-конверторите се компатибилни само со објективите ЕФ, вклучувајќи ЕФ 70-200мм ф/2,8Л УСМ, ЕФ 70-200мм ф/2,8Л ИСУСМ, ЕФ 70-200мм ф/4Л, ЕФ 100-400мм ф/4.5-5.6Л УСМ, ЕФ 400мм ф/4 ДО ИС УСМ и со објективите од серија-Л за фиксно растојание од 135 мм или повеќе.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
 |
|