Canon Macro Twin Lite MT-24EX

Macro Twin Lite MT-24EX

Превземете ја контролата врз осветлувањето на вашето макро фотографирање со двојниот макро светлосен прстен MT-24EX. Дизајниран за експерти во макро фотографирање, обезбедува разновидност во насоката и моќноста на осветлувањето.

Придобивки

  • E-TTL II мерење на блиц
  • Број на водич 24
  • Може да функционира како безжичен главен блиц
  • Две глави на блицот кои можат да се активираат заедно или посебно
  • Можност за блиц за моделирање
  • Се прикачува на предниот дел на макро објективите или, пак, главите можат независно да се постават

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon Macro Twin Lite MT-24EX

Автоматско мерење на блиц


Компатибилност со сите EOS дигитални SLR фотоапарати, двојниот макро светлосен прстен MT-24EX овозможува целосно автоматско E-TTL II мерење на блицот за прецизна експозиција на блицот во секакви ситуации. Секоја глава на блицот се одликува со број на водич 12, овозможувајќи комбинирана моќност од број на водич 24. Тој обезбедува доволна моќност на блицот дури и при фотографирање со големо зголемување.

Контрола на сооднос


Контролирајте ги двете глави на блицот, заедно или посебно, за да добиете креативни резултати. Прилагодете ја контролата на соодносот помеѓу главите на блицот со опсегот од шест чекори за создавање на ефекти со сложено осветлување.
Кружниот приклучок на објективот* овозможува ротирање на двојниот светлосен прстен околу објективот за добивање на странично осветлување или осветлување на горниот и долниот дел. Отстранете ги двете глави на блицот од прстенот за прикачување и поставете ги одделно за да добиете поголема контрола на насоката на светлината или посложено осветлување.

Безжичен главен блиц


Користете ја функцијата за безжичен главен блиц за далечинско активирање на Speedlite блицеви од серијата EX. Контролирањето на трет уред за осветлување со еден или повеќе споредни Speedlites блицеви овозможува поефикасно осветлување на останатите области од сцената, како позадината.

Светла за фокусирање


Фотографирањето со големо зголемување може да го отежне фокусирањето. Светлата за фокусирање на секоја глава на блицот овозможуваат осветлување на објектот за полесно рачно фокусирање.
Двете различни подесувања на блицот за моделирање овозможуваат активирање на треперечки блиц со копчето за прегледување на длабочината на полето. Зададеното подесување ги активира двете цевки според соодветното подесување на моќноста за да овозможи прецизна проценка на местата кои ќе бидат покриени со сенка.

Извор на напојување со енергија


MT-24EX е лесен и пренослив, а се напојува со 4xAA батерии или надворешна батерија за напојување како CP-E4. Батериите од типот AA овозможуваат брзо обновување за да можете да продолжите со фотографирањето без да чекате помеѓу снимките.

Функции за прилагодување


Благодарение на деветте функции за прилагодување, MT-24EX. може да се подеси според вашите лични потреби.

* За EF 180mm f/3,5L макро USM објектив потребен е адаптер за макро светлосен прстен 72C, а за EF 100mm f/2,8L макро IS USM објектив потребен е адаптер за макро светлосен прстен 67C

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon Macro Twin Lite MT-24EX, неговите функции и можности.