Дополнителна опрема за EOS

Canon Speedlite 90EX

Компактен блиц со високи перформанси кој обезбедува секојдневни снимки со врвно осветлување, како што се портрети, сцени во затворен простор и креативни светлосни ефекти. Идеален придружник за EOS M.

Придобивки

  • Тенок, џебен дизајн

  • Снимајте портрети и сцени во затворен простор со врвно осветлување

  • Голема моќност во компактно куќиште

  • Откријте ги ефектите за креативно осветлување

  • Брзо, дискретно и потполно автоматско фотографирање со блиц

  • Се напојува со лесно достапни AAA батерии

Детални карактеристики

  • Тенок, џебен дизајн – идеален за EOS M

    Speedlite 90EX од Canon, кој претставува претпочитан избор на блиц за корисниците на EOS M, тежи само 50g (без батерии), а неговиот дизајн кој заштедува простор ви овозможува да го сместите дури и во најмалите торби за комплети.

  • Снимајте портрети и сцени во затворен простор со врвно осветлување

    Идеален за фотографирање со извонредно широкоаголни објективи, Speedlite 90EX прецизно го обезбедува соодветното осветлување за да добиете одлични портрети, како и врвни сцени во затворен простор и групни снимки.

  • Голема моќност во компактно куќиште

    И покрај неговата минијатурна големина, Speedlite 90EX располага со голема моќност, а со максималниот број на водич 9 (m, ISO100) тој е идеален за осветлување на сцените во темнина или за време на ноќта, како што се забавите или вечерните скари. Тој е совршен и како дополнувачки блиц за надворешно снимање на објекти, кога сонцето се наоѓа зад вас.

  • Откријте ги ефектите за креативно осветлување

    Speedlite 90EX нуди неограничени можности за креативно осветлување, благодарение на неговата вградена функција за безжичен главен блиц. Во улога на главен блиц, тој може безжично да активира до три групи составени од други блицови, кои имаат вградена функција за спореден блиц, како што е Speedlite 270EX II, на растојание до 7 метри во затворени простории.

  • Брзо, дискретно и потполно автоматско фотографирање со блиц

    Секогаш кога ќе посакате да снимите континуирани снимки на брз и дискретен начин, Speedlite 90EX е подготвен за акција. Обновувањето на енергијата е тивко и брзо - трае само 5,5 секунди пред да биде подготвено за следната фотографија. Исто така, тој нуди компатибилност за системите за мерење на автоматски блиц кои се вградуваат во EOS M и други EOS DSLR фотоапарати, обезбедувајќи потполно автоматска и прецизна експозиција на блиц во секакви ситуации.

  • Се напојува со лесно достапни AAA батерии

    За да се задржи минималната големина и тежина на блицот при работа и да се обезбеди максимална практичност, Speedlite 90EX се напојува со две лесно достапни AAA/LR03 батерии (Ni-MH или литиумски).