Испраќање факсови Модемот за факс Super G3 fax брзо ги испраќа вашите црно-бели факсови или во боја, за ништо повеќе отколку за 3 секунди по страница*. Бирањето се брзо и едноставно, со 40 шифри за брзо бирање, за меморирање на редовните броеви. Меморијата за факс, од 100-страници, безбедно ги чува сите дојдовни факсови доколку ви снема хартија, за да ги отпечатите подоцна.
Благодарение на ултра-високиот квалитет на технологијата на испраќање факсови со 256 сиви скали и 24bit-на боја, нема веќе нечитлив текст или изобличени слики во испратените факсови.
Канцелариска ефикасност Автоматскиот механизам за вовлекување документи, за 30 страници, врши испраќање факсови, скенирање и брзо копирање на документи, за да ја зголеми продуктивноста. Quick-Start овозможува моментално користење на функциите.
Печатење документи Печатете документи со до 30ppm во црно-бело или 20ppm во боја.
Копирање Копирајте со до 30сpm во црно-бело или 20сpm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Раздвојувањето текст и слика дава оптимални резултати кога имате комбинација од текст, графика и фотографии. Копирајте го точното место, што ви треба, со функцијата за бришење кадар, потсекување и маскирање.
Скенирање Резолуцијата од 2400dpi испорачува одлични скенови во боја. Скенирајте директно во компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX ја олеснува секоја фаза од постапката.
Софтверот за оптичко препознавање знаци совршено го претвора печатениот текст, обезбедувајќи електронски документи со можност за уредување, без комплицирано пречукување.
Печатење фотографии Уживајте во фотографии со квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 46 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од мемориската картичка и вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слики ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Интерфејс 4,5cm ЛЦД екран во боја го прави лесно печатењето од мемориска картичка, дури и без компјутер.
Посебни мастила Сите 4 посебни резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за минимално фрлање мастило и максимална заштеда. Интелигентното ЛЕД светло трепка за да ве предупреди дека некоја од боите е при крај или дека треба да се замени.
Поврзување Вклучете го овој PIXMA во вашата Ethernet мрежа и сите поврзани корисници ќе можат да ги споделат продуктивните функционалности на испраќање факс, печатење, копирање и скенирање, со што ќе заштедите време и пари.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|