Печатење на фотографии и документи Уживајте во бистрите и живoписни печатени фотографии, со капки на мастило со големина од 2pl кои обезбедуваат благи преминни на нијансите и фини детаљи. Може да се постигне максимална резолуција од 4800x1200dpi* и квалитет на печатени материјали како од фотолабораторија за приближно 70 секунди*. Системот ChromaLife100+** ги комбинира PIXMA MP190, оригиналните Canon FINE касети и изборот на Canon фотохартија за креирање на долготрајни, убави фотографии.
Се користат две FINE касети. Црната касета содржи пигментирано мастило за печатење на јасни и чисти текстови. Второ, мастилата засновани врз боја се идеални за графики и слики, обезбедувбајќи сјајни печатени фотографии.
Копирање Комбинацијата на скенер и печатар ви овозможува да креирате високо квалитетни, живи фотокопии без потреба од компјутер.
Скенирање Хоризонталниот скенер со резолуција од 600dpi обезбедува врвни скенирани материјали во боја. Постои можност за скенирање на документи или фотографии со различни големини со добар квалитет. Скенирањето во PDF е брзо и лесно решение за креирањена електронски верзии на документи на хартија.
Манипулација со слика Софтверот на Canon, Easy-PhotoPrint EX е вклучен во производот со цел да врши корекции и подобрување на вашите фотографии директно и интуитивно. Вие можете да ги отстраните црвените очи од вашите дигитални слики, а Auto Image Fix ќе обезбеди одлични резултати при печатењето.
Лесен за употреба Потенцијалот на Се-Во-Едно е доведен до максимум благодарение на вклучувањето на функцијата Брзо стартување (Quick Start). Корисниците пристапуваат до сите главни карактеристики за само неколку секунди од вклучувањето на PIXMA MP190.
Оперативен систем Компатибилен со Windows и Mac OS X*
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|