Печатење фотографии Уживајте во фотографии со квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 46 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слика ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Печатење документи Печатете документи со до 22ppm во црно-бело или 17ppm во боја.
Копирање Копирајте со до 22сpm во црно-бело или 17сpm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Технологијата на раздвојување текст и слика дава оптимални резултати кога имате комбинација од текст, графика и фотографии.
Скенирање Резолуцијата од 600dpi испорачува добри скенови во боја. Скенирајте директно во компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX ја олеснува секоја фаза од постапката, од барање слика, до уредување документи во PDF.
Скенирајте ги постојните отпечатени фотографии и одново отпечатете ги за да поделите дупликати на семејството и пријателите, или скенирајте избледени фотографии и вратете ги во живот со софтверот, кој е лесен-за-користење.
Патрони FINE Напредните патрони FINE обезбедуваат печатење со квалитет на фотолабораторија и лесно се заменуваат со инсталација со само едно кликање. Црниот патрон обезбедува остар, свеж текст за печатење документи.
Ефикасност Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|