Печатење фотографии Уживајте во фотографии со квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 46 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од мемориската картичка и вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слика ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Печатење документи Печатете документи со до 22ppm во црно-бело или 17ppm во боја.
Копирање Копирајте со до 22сpm во црно-бело или 17сpm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Технологијата на раздвојување текст и слика дава оптимални резултати кога имате комбинација од текст, графика и фотографии. Копирајте го точното место, што ви треба, со функцијата за бришење кадар.
Скенирање Резолуцијата од 1200dpi испорачува одлични скенови во боја. Скенирајте директно во компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX ја олеснува секоја фаза од постапката, од барање слика, до уредување документи во PDF.
Скенирајте ги постојните отпечатени фотографии и одново отпечатете ги за да поделите дупликати на семејството и пријателите, или скенирајте избледени фотографии и вратете ги во живот со софтверот, кој е лесен-за-користење.
Интерфејс Дворедниот ЛЦД екран го прави лесно печатењето фотографии директно од мемориската картичка, дури и без компјутер. Можете да ги користите и практичните листови за индекс на фотографии, за лесно бирање и печатење на фотографиите.
Патрони FINE Напредните патрони FINE обезбедуваат печатење со квалитет на фотолабораторија и лесно се заменуваат со инсталација со само едно кликање. Црниот патрон обезбедува остар, свеж текст за печатење документи.
Ефикасност Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|