Компактен Се-Во Едно, идеален за целото семејство, кој обезбедува високо квалитетно печатење на фотографии и документи, фотокопирање и скенирање, плус PictBridge за директно печатење на фотографии од компатибилни фотоапарати без компјутер.
|
Печатење на фотографии и документи Резолуција до 4800x1200dpi со мали капки на мастило од 2pl* дава слики со одличен квалитет со точна репродукција на боја. Можно е креирање на 10x15cm фотографии без граници за приближно 45 секунди* со FINE касети за печатење.
Системот ChromaLife100+** е комбинација на PIXMA MP240, касетите FINE на Canon и одредена оригинална Canon фотохартија. Овие три уникатни компоненти креираат убави, долготрајни печатени фотогафии.
Се користат две FINE касети за мастило, црна и во боја. Црната е пигментирано мастило за печатење на чисти и јасни текстови, додека пак мастилото засновано врз боја се користи за графки и слики и овозможува печатење на посјајни фотографии.
Печатење без компјутер Технологијата PictBridge овозможува да уживате во вашите печатени фотографии директно од фотоапарат (мобилен телефон, камкордер или кој било друго компатибилен уред со PictBridge) без потреба од нивно пренесување прво на компјутер.
Копирање Комбинацијата на скенер и печатар ви овозможува да креирате високо квалитетни, живи фотокопии без потреба од компјутер.
Лесен за употреба With thСо функцијата Брзо стартување (Quick Start) вие можете да бидете сигурни дека вашито печатар PIXMA ќе може да се стави во функција за само неколку секунди, така што можете да го искусите процесот на Печатење, Фотокопирање и Скенирање на ваше барање.
За печатење без проблеми вграден е магацин за хартија што се отвора сам.
Касетите FINE обезбедуваат печатење на фотографии и документи со одличен квалитет и тие исто така го прават полесно заменувањето на касетата преку инсталација на едно притискање.
Софтвер за уредување Со овој PIXMA производ е вклучен и обемен и интуитивен софтвер. Easy-PhotoPrint EX на Canon го прави едноставно печатењето на календари, албуми и фотографии, и содржи усовршен Auto Photo Fix, кој автоматски ги коригира фотографиите - вклучително и корекција на црвени очи. Софтверот MP Navigator EX на Canon помага да се управуваат и уредуваат скенираните слики и документи и содржи OCR функција за конвертирање на печатен текст во електронски документи и едноставно скенирање во PDF.
Скенирање Скенирање со висока резолуција на материјал со неверојатни детаљи е возможно со скенерот 1200dpi. Режимот за автоматско скенирање додава уште една практична карактеристика затоа што тој автоматски го дознава видот на оригиналот што се скенира - фотографија или документ - и потоа го скенира и го снима користејќи ги најсоодветните нагодувања.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X*
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
Достапен во ограничен број региони
|