Печатење, фотокопирање, скенирање На сопствениците на дигитални фотоапарати, PIXMA MP490 им нуди комбинација на печатење со фото-лабораториски квалитет со висококвалитетно скенирање и копирање. Бројните одлични карактеристики, вклучувајќи го и TFT екранот во боја од 4,5cm, ќе ви го олеснат создавањето прекрасни фотографии.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA MP490 нуди ISO ESAT брзини од 8,4слики/мин за еднобојни документи и 4,8слики/мин за документи во боја.
Фото-лабораториски квалитет Патентираната FINE технологија на Canon со капки мастило од 2pl нуди одличен квалитет на печатење со резолуција од 4800x1200dpi. Фотографиите се неверојатно детални и без "зрнеста" текстура. Додека FINE картриџите од Canon кои користат мастила базирани на боја се идеални за печатење на фотографии, дополнителното мастило со црн пигмент обезбедува јасен и остар текст. PIXMA MP490 нуди комбинација на квалитет и брзина. 10x15cm фотографиии без рабови можат да се отпечатат за приближно 43 секунди со користење на зададените подесувања.*
Печатење од мемориски картички Печатете фотографии директно од вашиот дигитален фотоапарат. Едноставно вметнете мемориска картичка од кој било од популарните типови, и прегледајте ги сликите на јасниот и осветлен TFT екран во боја од 4,5cm.
Интелигентни функции и софтвер Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.
Ефикасно скенирање Скенирајте со врвни детали со резолуција од 1200dpi. Режимот на автоматско скенирање, автоматски препознава што се скенира – фотографија или документ – пред да изврши снимање со користење на најпогодните параметри. Дури скенирајте и директно на мемориска картичка.
Практичен фах за хартија со самостојно отворање Компактен и стилски, PIXMA MP490 располага со практичен фах за хартија кој се отвора автоматски за полесно земање на отпечатените материјали и копии.
Подолготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MP490 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|