Печатење фотографии PIXMA MP540 нуди супериорни печатени материјали со квалитет како од фотолабораторија со 9600x2400dpi* резолуција на печатење и 1pl капки на мастило за благи премини на нијансите и печатени материјали без дамки. Системот ChromaLife100+** ја комбинира главата за печатење FINE на Canon, новите Индивидуални мастила засновани врз боја и одредена оригинална фотохартија на Canon за обезбедување на долготрајни, убави фотографии.
Посебни мастила Резервоарите кои можат засебно да се менуваат го минимизираат непотребното фрлање на мастило и заштедуваат пари. Новите формули на мастилата засновани врз боја, Cyan, Magenta, Yellow и Black произведуваат супериорни печатени фотографии, додека пак црниот пигмент обезбедува документи со чист, јасен текст.
Лесен за употреба Тркалцето за лесно превртување и TFT дисплејот ја олеснуваат едноставната навигација преку менија и нудат визуелен дисплеј на вашите слики. Брзо стартување (Quick Start) овозможува да започнете со работа за само неколку секунди, а магацинот за хартија што се отвора сам значи дека дури и да заборавите да го отворите магацинот за хартија, вашиот печатар нема да заборави.
Практичност Двата магацина за хартија на PIXMA MP540 ја зголемуваат флексибилноста на медиумите, дозволувајќи му на корисникот предвреме да ги наполни и со фотохартија и со обична хартија. PictBridge компатибилноста и влезовите за мемориски картички исто така се корисни за корисниците на дигитални фотоапарати, овозможувајќи им да печатат директно од нивниот фотоапарат без потреба од компјутер.
Софтвер за уредување Управувајте со вашите креативни проекти и креирајте фото албуми и календари со богатиот софтвер Easy-PhotoPrint EX. Софтверот кој е лесен за користење исто така содржи Auto Photo Fix со опции за коригирање на слики и намалување на црвени очи.
Скенирање Уживајте во високо квалитетните скенирани слики со скенерот чија резолуција е 2400x4800dpi. Усовршениот софтвер MP Navigator EX управува со вашите скенирани слики и содржи PDF опрема за уредување и низа опции за коригирање на сликите. Режимот за автоматско скенирање (Auto Scan Mode) автоматски го препознава документот или фотографијата што ја скенирате и ги избира соодветните нагодувања.. Исто така има и опција за скенирање директно на мемориска картичка или USB пенкало за лесен трансфер и чување на слики.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X*
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|