Печатење, копирање, скенирање PIXMA MP550 е напреден "сè-во-едно" домашен фото печатач кој ви овозможува печатење со фото-лабораториски квалитет, скенирање и копирање. Стилот, брзината и квалитетот се комбинирани со избор од функции за заштеда на времето.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA MP550 нуди ISO ESAT брзини од 9,2слики/мин за еднобојни документи и 6,0слики/мин за документи во боја.
Фото-лабораториски квалитет FINE главите за печатење на Canon се на врвот од својата класа со капки мастило од 1pl и тие овозможуваат печатење со извонредна резолуција од 9600x2400dpi. Фотографиите се неверојатно детални, без "зрнеста" текстура и со рамномерна градација на боите. Фотографија без рабови од 10x15cm се печати за приближно 39 секунди со употреба на зададените параметри.* Алтернативно, можете да печатите и безжично преку изборното Bluetooth поврзување.
5 единечни мастила Резервоарите за мастило се заменуваат поединечно, со што се намалува отпадот. Четирите мастила базирани на боја овозможуваат печатење фотографии со извонреден квалитет; додека со мастилото со црн пигмент се добиваат јасни текстуални документи.
Интуитивно ракување Преземете ја контролата со интуитивното тркалце за лесно движење, прегледувајќи ги сликите на јасниот TFT екран во боја од 5,0cm. Скенирајте на USB мемориски уреди и картички, или печатете од нив. Алтернативно, поврзете компатибилен фотоапарат преку PictBridge. Благодарение на двете патеки за хартија, истовремено вметнувајте обична и фото хартија.
Интелигентни функции и софтвер Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.
Висококвалитетен скенер Скенирајте со неверојатни детали со резолуција од 2400dpi. Софтверот MP Navigator EX ви нуди OCR и функции за уредување на PDF, заедно со палета на опции за исправки на сликите. Режимот на автоматско скенирање врши автоматско препознавање на скенираните содржини и ги избира соодветните параметри.
Подолготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MP550 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|