- Напреден Wi-Fi "сè-во-едно" уред
- ISO брзина од 9,2/6,0слики/мин црно-бело/во боја ESAT
- 9600dpi 1pl; фотографиии од 10x15cm за 39сек.
- 5,0cm TFT екран и тркалце за лесно движење
- Автоматско двострано печатење, полнење хартија од 2 страни
- Скенер со 2400dpi
- Печатење фотографии: PictBridge, мемориски картички или изборен Bluetooth
|
Преминете на безжичната технологија – печатење, копирање, скенирање Печатете, копирајте и скенирајте со врвен квалитет со PIXMA MP560 – напредниот Wi-Fi "сè-во-едно" уред од Canon. Идеално за домашните корисници, безжичното поврзување ви овозможува печатење документи и фотографии директно од вашиот компјутер без потреба од поврзување со кабел. Системот од 5 одделни мастила на Canon користи поединечно заменливи резервоари, со што се намалува отпадот.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA MP560 нуди ISO ESAT брзини од 9,2слики/мин за еднобојни документи и 6,0слики/мин за документи во боја.
Извонреден фото-лабораториски квалитет во вашиот дом FINE главите за печатење на Canon се на врвот од својата класа со капки мастило од 1pl и тие овозможуваат печатење со извонредна резолуција од 9600x2400dpi. Фотографиите се неверојатно детални, без "зрнеста" текстура и со рамномерна градација на боите. Фотографија без рабови од 10x15cm се печати за приближно 39 секунди со употреба на зададените параметри.* Алтернативно, можете да печатите и преку Wi-Fi или изборно Bluetooth поврзување.
Интуитивно ракување Преземете ја контролата со интуитивното тркалце за лесно движење, прегледувајќи ги сликите на јасниот и осветлен TFT екран во боја од 5,0cm. Скенирајте на USB мемориски уреди и картички, или печатете од нив. Алтернативно, поврзете компатибилен фотоапарат преку PictBridge.
Автоматско двострано печатење и полнење хартија од 2 страни Благодарение на двете патеки за хартија, истовремено вметнувајте различни видови медиуми – обична и фото хартија. Создавајте двострани документи со професионален изглед на едноставен начин со помош на функцијата за автоматска двострана обработка – заштедувајќи ја хартијата и намалувајќи ги трошоците.
Интелигентни функции и софтвер Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.
Висококвалитетен скенер Скенирајте со неверојатни детали со резолуција од 2400dpi. Софтверот MP Navigator EX ви нуди OCR и функции за уредување на PDF, заедно со палета на опции за исправки на сликите. Режимот на автоматско скенирање врши автоматско препознавање на скенираните содржини – на пр. документи или фотографии – и ги избира соодветните параметри.
* Погледнете ги спецификациите
|