Целото семејство може дома заеднички безжично да го користи овој мрежен фото се-во-едно. Без напор печатете фотографии, копирајте и скенирајте, со помош на интуитивниот кориснички интерфејс, со екран во боја и тркалце за лесно движење.
|
Лесно домашно работење во мрежа Овој напреден фото се-во-едно нуди вградено безжично (802.11g/b) и жично (Ethernet) поврзување, така што секој во домот може да го користи печатењето и скенирањето со квалитет на фотолабораторија. Лесно и брзо поставување во нова или веќе постоечка мрежа.
Интуитивна работа без компјутер
Кристално јасниот 6,3cm TFT екран и тркалцето за лесно движење го прават ракувањето полесно од кога и да е. Само завртете го тркалцето за лесно движење и избирајте опции на екранот. Гледајте, избирајте, уредувајте и печатете дигитални фотографии со само еден допир - или копирајте и скенирајте без напор - преку кориснички прилагодениот интерфејс.
Супериорен квалитет на печатење фотографии
Резолуцијата на печатење од 9600*x2400dpi обезбедува детални и живописни отпечатоци, користејќи ја главата за печатење Canon FINE, која дава микроскопски капки мастило од 1pl. Технологијата ContrastPLUS, со дополнително црно мастило на база на боја, на фотографиите им дава дополнителна длабочина и контраст.
Печатење и копирање фотографии со голема брзина
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, со квалитет на фотолабораторија, за приближно 28 секунди во стандарден режим* - со брзо печатење фотографии без рамка со А4. Копирајте со до 30сpm во црно-бело или 24сpm во боја. Технологијата на двојна обработка со скала на бои обезбедува верни повторни отпечатоци, кога правите копии на вашите фотографии.
Директно печатење фотографии од фотоапарат, картичка и телефон
Печатете фотографии директно од дигиталните фотоапарати, камери и мемориски картички со подготовка за PictBridge, и тоа без да се поврзувате на компјутер. Или, печатете фотографии директно од мобилните телефони преку интерфејсот за IrDA или преку изборната Bluetooth® единица.
Скенирање со висок квалитет
Вградениот скенер има резолуција од 2400x4800dpi за свежи. чисти скенови во боја. Интерфејсот USB 2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на слики до вашиот компјутер.
Напредна работа со медиуми
Искористете ги предностите од директно печатење на DVDа и CDа, на кои може да се печати со inkjet, од автоматското двострано печатење и од два магацини за хартија, во кои може да се става и фотохартија и стандардна хартија.
Долговечни отпечатоци
Системот на Canon ChromaLife100** испорачува убави, трајни фотографии, со зголемена издржливост до 100 години, за да го зачува вашите спомени. Со користење глави за печатење FINE, Canon мастила и оригинални Canon фотохартии, системот обезбедува долговечни убави отпечатоци на фотографии.
Економичен систем на посебни мастила
Сите резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за максимално искористување на мастилото. Светечките диоди, вградени во резервоарите за мастило, веднаш визуелно ве известуваат кога некоја боја е при крај или е потрошена.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете ChromaLife100
|