Печатење фотографии Уживајте во фотографии со супериорен квалитет, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на ситните капки мастило од 1pl и голема резолуција на печатење од 9600x2400dpi*. Системот од 5 посебни мастила вклучува црна врз основа на боја, која на фотографиите им дава дополнителна длабочина и контраст.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 21 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од мемориската картичка, вашиот дигитален фотоапарат, дигиталната камера или мобилниот телефон, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слики ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со зголемена издржливост до 100 години.
Печатење документи Совршено печатете документи со до 31ppm во црно-бело или 24ppm во боја, еднострано или двострано.
Копирање Копирајте со до 31сpm во црно-бело или 24сpm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Раздвојувањето текст и слика дава оптимални резултати кога имате комбинација од текст, графика и фотографии. Копирајте го точното место, што ви треба, со функцијата за бришење кадар, потсекување и маскирање.
Скенирање Резолуцијата од 4800dpi испорачува величествени скенови во боја. Скенирајте директно во компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX ја олеснува секоја фаза од постапката, од барање слика, до уредување документи во PDF.
Скенирајте ги постојните отпечатени фотографии и одново отпечатете ги за да поделите дупликати на семејството и пријателите, или скенирајте избледени фотографии и вратете ги во живот со софтверот, кој е лесен-за-користење.
Печатете на CD и на DVD Персонализирајте ги вашите CD-а, кои може да се печатат со inkjet, со печатење директно на површината. Употребете го софтверот CD-LabelPrint за да креирате возбудлив изглед со додавање текст и слики.
Интерфејс Кристално јасниот 6,2cm TFT екран го прави работењето без компјутер забавно и лесно. Само завртете го тркалцето за лесно движење и избирајте опции на екранот. Гледајте, бирајте, уредувајте и печатете - сето тоа со само еден допир.
Посебни мастила Сите 5 посебни резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за минимално фрлање мастило и максимална заштеда. Интелигентното ЛЕД светло трепка за да ве предупреди дека некоја од боите е при крај или дека треба да се замени.
Ефикасност Автоматското двострано печатење и копирање ги крати трошоците за хартија. Двата магацина за хартија чуваат и фотохартија и обична хартија. Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|