Печатење фотографии Печатење со врвен квалитет се обезбедува преку импресивната резолуција од 9600x2400dpi* и 1pl капки на мастило. Брзината на печатење за квалитет како од фотолабораторија на 10x15cm фотографии без граници е приближно 41 секунда*.
Системот ChromaLife100+** обезбедува долготрајни, убави фотографии преку комбинирање на технологијата FINE за главата на печатарот на Canon, одредени оригинални видови на Canon фотохартија и мастила засновани врз боја.
Печатење без кабли Wi-Fi поврзување за безкабелско печатење значи дека вие можете да печатите документи и фотографи директно од вашиот компјутер без да користите кабел. Овој Се-Во-Едно исто така може да се поврзе во мрежа затоа што е опремен со Ethernet конекција, овозможувајќи ви да ги споделувате вашите содржини преку локална мрежа.
5 посебни мастила Заради практичност, 5 Индивидуални мастила можат засебно да се заменуваат. Ова ви обезбедува поефикасен систем затоа што го сведува на минимум непотребното трошење на мастило и ви помага да заштедите пари. Интелигентната LED диода на секој резервоар за мастило обезбедува визуелна индикација кога бојата е при крај или кога треба да се замени.
Функции за лесно користење На располагање се широк спектар на карактеристики кои го подобруваат искуството на корисникот. Брзото стартување (Quick Start) овозможува ставање во функција за само неколку секунди. Екранот 6,2cm TFT го прави работењето без компјутер јасно и концизно, додека пак Тркалцето за лесно превртување е дизјанирано за да овозможи полесна навигација со менито. Двата магацина за хартија ви овозможуваат да ставите два вида на медиуми истовремено - обична и фотохартија.
Софтвер Управувајте со вашите креативни проекти и креирајте фото албуми и календари со богатиот софтвер Easy-PhotoPrint EX. Интуитивниот софтвер помага со работи како што се избирање вид на хартија и мерење, и исто така тој содржи и Auto Photo Fix со опции за корекции на слики и намалување на црвени очи.
Скенирање Врвните скенирани материјали во боја се обезбедуваат со резолуција од 2400x4800dpi. Дополнителните карактеристики влучуваат скенирање на мемориска картичка и USB функција, а Режимот за автоматско скенирање автоматски го детектира видот на документ што сакате да го скенирате.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X*
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|