Печатење на фотографии и документи Врвната машина за печатење на PIXMA MP630 1pl, 9600dpi* FINE произведува зачудувачки слики со квалитет како од фотолабораторија, со фотографии без граници 10x15 за приближно 20 секунди*. 1pl капки мастило користи нови Индивидуални мастила врз база на боја - вклучително и резервоар ‘Photo Black’ – и обезбедува печатени материјали со благи премини на нијансите, високи контрасти и изненадувачки детаљи.
Системот ChromaLife100+** е комбинација на PIXMA MP630, оригинални мастила на Canon и одредени оригинални видови на фотохартија Canon. Овие три уникатни компоненти креираат убави, долготрајни печатени фотогафии.
Печатење на текст документи во црно-бело или во боја со црно пигментирано мастило за да даде јасен, чист текст.
Посебни мастила Квалитетот и ефикасноста се одржуваат преку користењето на 5 Индивидуални мастила - едноставно заменете ги индивидуалните резервоари на мастило кога ќе се истрошат.
Лесен за употреба Дисплејот TFT во боја со поголема дефиниција 6,2cm (higher-definition 6,2cm colour TFT display) го прави забавно барањето на фотографии без компјутер, и корисниците можат да гледаат, избираат, менуваат и печатат - само со користење на Тркалцето за лесно-превртување (Easy-Scroll Wheel). Директно печатење на материјали е исто така возможно директно од мемориска картичка или од PictBridge-compatible дигитален фотоапарат и камкордер. Функцијата Брзо стартување (Quick Start) овозможува да зпочнете со работа за само неколку секунди.
Напредна работа со медиуми Персонализирајте ги вашите CD и DVD на кои може да се печати со користење на софтверот CD-LabelPrint за да креирате нацрти од ваш текст и слики. Авто дуплекс (Auto duplex) помага да заштедите хартија со автоматско двострано печатење, додека пак двата магацина за хартија означуваат дека корисниците можат истовремено да стават фотохартија и обична хартија која е спремна за печатење.
Скенирање Оптичката резолуција од 4800dpi обезбедува одлично скенирање во боја, со опција за скенирање директно на компјутер, е-пошта или PDF. Лесното ракување е гарантирано со употребата на интуитивен софтер MP Navigator EX, додека пак Режимот за автоматско скенирање (Auto Scan Mode) го забрзува процесот преку избирање на нагодувања врз основа на видот на документот или фотографијата што ја скенирате. Нуди дополнителна флексибилност со опцијата за скенирање на мемориска картичка или USB пенкало, така што корисниците можат лесно да транспортираат и чуваат скенирани слики.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X*.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|