Печатете, копирајте и скенирајте преку мрежа Идеален за напредните корисници, врвниот PIXMA MP640 уред лесно ќе се интегрира во вашата домашна мрежа преку Wi-Fi или Ethernet. Споделете го извонредното печатење со фото-лабораториски квалитет, копирањето и скенирањето со целото семејство.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA MP640 нуди ISO ESAT брзини од 9,2слики/мин за еднобојни документи и 8,1слики/мин за документи во боја.
Печатење со фото-лабораториски квалитет за само 20 секунди* FINE главите за печатење на Canon се на врвот од својата класа со капки мастило од 1pl и тие овозможуваат печатење со извонредна резолуција од 9600x2400dpi: отпечатените фотографии се без "зрнеста" текстура и се одликуваат со рамномерна градација на боите. Отпечатете фотографија без рабови од 10x15cm за приближно 20 секунди со употреба на зададените параметри.* Алтернативно, можете да печатите и преку Wi-Fi, Ethernet, IrDA IR или изборно Bluetooth поврзување.
5 единечни мастила Системот од 5 одделни мастила на Canon користи поединечно заменливи резервоари, со што се намалува отпадот. Четирите мастила базирани на боја овозможуваат печатење фотографии со извонреден квалитет; со дополнителното мастило со црн пигмент се добиваат јасни и остри текстуални документи.
Висококвалитетен скенер Скенирајте со неверојатни детали со резолуција од 2400dpi. Софтверот MP Navigator EX ви нуди OCR и функции за уредување на PDF, заедно со палета на опции за исправки на сликите. Режимот на автоматско скенирање врши автоматско препознавање на скенираните содржини – на пр. документи или фотографии – и ги избира соодветните параметри.
Интуитивно ракување Преземете ја контролата со интуитивното тркалце за лесно движење, прегледувајќи ги сликите на јасниот и осветлен TFT екран во боја од 7,5cm. Скенирајте на USB мемориски уреди и картички, или печатете од нив. Алтернативно, поврзете компатибилен фотоапарат преку PictBridge.
Автоматско двострано печатење, полнење хартија од 2 страни и печатење врз DVD/CD Благодарение на двете патеки за хартија, истовремено вметнувајте различни медиуми – обична и фото хартија. Создавајте двострани документи со професионален изглед на едноставен начин со помош на функцијата за автоматска двострана обработка. Персонализирајте ги DVD и CD дисковите преку директно печатење врз дисковите.
Подолготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MP640 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|