Печатење фотографии Уживајте во фотографии со супериорен квалитет, благодарение на ситните капки мастило од 1pl и голема резолуција на печатење од 9600x2400dpi*. Неверојатниот систем од 7 посебни мастила, на фотографиите им дава неспоредлива длабочина, контраст и длабочина.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 35 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од мемориската картичка, вашиот дигитален фотоапарат, дигиталната камера или мобилниот телефон, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слика ги подобрува фотографиите. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Печатење документи Печатете документи со до 30ppm во црно-бело или 22ppm во боја, еднострано или двострано.
Копирање Копирајте со до 30сpm во црно-бело или 22сpm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Раздвојувањето текст и слика дава оптимални резултати кога имате комбинација од текст, графика и фотографии. Копирајте го точното место, што ви треба, со функцијата за бришење кадар, потсекување и маскирање.
Скенирање филм и фотографија Резолуцијата од 4800dpi и системот објективи на Canon Super Toric испорачува супериорни скенови во боја. Печатете директно од 6х 35mm филм (негатив/позитив) или 4х 35mm монтирани слајдови преку вградениот адаптер за филм.
Скенирајте директно во компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX ја олеснува секоја фаза, од барање слика, до уредување документи во PDF.
Скенирајте ги постојните отпечатени фотографии и одново отпечатете ги или скенирајте избледени фотографии и вратете ги во живот со софтверот, кој е лесен-за-користење.
Печатете на CD и на DVD Персонализирајте CD-а, кои може да се печатат со inkjet, со печатење директно на површината. Употребете го софтверот CD-LabelPrint за да креирате возбудлив изглед со додавање текст и слики.
Интерфејс Кристално јасниот 8,8cm TFT екран го прави работењето без компјутер забавно и лесно. Само завртете го тркалцето за лесно движење и избирајте опции на екранот. Гледајте, избирајте, уредувајте и печатете - сето тоа со само еден допир.
Посебни мастила Сите 7 посебни резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за минимално фрлање мастило и максимална заштеда. Интелигентното ЛЕД светло трепка за да ве предупреди дека некоја од боите е при крај или дека треба да се замени.
Ефикасност Автоматското двострано печатење и копирање ги крати трошоците за хартија. Два магацина за хартија, за фотохартија и за обична хартија. Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите.
Поврзување Интегрирајте го овој PIXMA во вашата Ethernet мрежа за да споделувате со повеќе корисници.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|