Печатење на фотографии и документи Врвниот квалитет, брзото печатење се обезбедуваат преку комбинирање на импресивната резолуција од 9600x2400dpi*, ситните капки на мастило од 1pl ink за беспрекорни, без дамки слики во боја и црно-бели слики. Дополнителниот резервоар за сиво мастило обезбедува супериорен квалитет на печатени црно-бели фотографии. Брзината на печатење за квалитет како од фотолабораторија на 10x15cm фотографии без граници е само 20 секунди*.
Системот ChromaLife100+** обезбедува долготрајни, убави печатени материјали со комбинирање на PIXMA MP980, одредени оригинални Canon фотохартии и нова формула на мастила засновани врз боја.
PIXMA MP980 печати документи со висок квалитет, со пигментирано црно мастило кое дава чист, јасен текст и мастила засновани врз боја за живи графики
Печатење со или без кабли Ethernet и Wi-Fi поврзување значи дека вие можете да го делите вашиот печатар преку постојна мрежа.
6 Индивидуални мастила 6 Индивидуалните мастила можат засебно да се заменуваат, со што трошењето на мастило се сведува на минимум и ви помага да заштедите пари. Интелигентната LED диода на секој резервоар за мастило обезбедува визуелна индикација кога бојата е при крај или кога треба да се замени.
Функции за лесно користење На располагање се широк спектар на карактеристики кои го подобруваат искуството на корисникот. Брзо стартување (Quick Start) овозможува ставање во функција за неколку секунди, додека пак 8,8cm TFT дисплејот го прави работењето без компјутер јасно и концизно - подобрено со Тркалцето за лесно превртување за едноставна навигација со менито.
Напредна работа со медиуми Карактеристиката автоматски дуплекс ви овозможува двострано печатење на документи, додека пак двата магацина за хартија ви дозволуваат истовремено да ставите два различни вида на медиуми - обична и фото хартија, и обете до А4 големина. Печатењето на DVD/CD ви овозможува лесно да произведувате DVD/CD со професионален изглед.
Софтвер PIXMA MP980 доаѓа заедно со Easy-PhotoPrint Pro plug-in и за Adobe Photoshop и за Canon Digital Photo Pro за да го интегрирате Се-Во-Едно во вашата работа и за да постигнете професионална контрола врз вашето печатење. MP Navigator овозможува брзо и лесно пристапување до функциите на PIXMA MP980.
Скенирање Супериорните скенирани материјали во боја се добиваат со резолуција од 4800x9600dpi користејќи високо квалитетен CCD скенер. Белото LED диодно рефлективно скенирање значи дека времето на загревање е нула, а единицата на филм адаптерот нуди цкенирање на 35mm филм и слајдови. Дополнителните карактеристики вклучуваат скенирање на мемориска картичка и USB функција, и Режим за автоматско скенирање.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X*
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|