Споделете 4-во-1 функционалност без ограничувања Печатете, скенирајте, копирајте и праќајте факсови од речиси секаде во домот или канцеларијата со Wi-Fi поврзувањето. Едноставно поврзете се на безжична мрежа, без потреба од несмасни кабли за поврзување.
Брзо испраќање на факс Искористете го брзото 33,6kbps Super G3 испраќање факсови. Дојдовните факсови може да се зачуваат на внатрешната меморија, а потоа да се зачуваат на USB уред - така што може да ги прегледате и архивирате без да треба сите да ги печатите.
Продуктивна обработка на документи Вршете брзо и ефикасно автоматско скенирање, копирање или испраќање по факс на големи документи со вградениот автоматски механизам за снабдување со документи (ADF) за 30 листови. Функцијата скенирај и зачувај во ‘компактен pdf’ овозможува дoбивање на фајл со мала големина, кој е идеален за зачувување или испраќање по e-mail.
Вистински квалитет. Реални брзини за печатење Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реалните перформанси на печатење. PIXMA MX340 нуди ISO ESAT брзини од 8,4слики/мин за еднобојни документи и 4,8слики/мин за документи во боја. FINE технологијата на Canon со капки мастило од 2pl и резолуција на печатење до 4800x1200dpi нудат најфини детали. Печатете 10x15cm фотографии без рабови за приближно 43 секунди со користење на зададените подесувања.*
Одлично фотокопирање Копирајте фотографии во боја, текст и слики брзо и прецизно, со извонредна репродукција на боја, благодарение на технологијата за двојна обработка на гамата на боите.
Скенирање и печатење без потреба од компјутер Скенирајте слики и документи директно на USB уред или печатете слики преку PictBridge.
Интелигентен софтвер кој е едноставен за користење Easy-Web Print EX го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа, токму како што посакувате. Auto Document Fix обезбедува извонредно скенирање кое лесно се чита за документи во боја. Auto Photo Fix II врши исправање на широк опсег чести грешки и го оптимизира квалитетот на сликите и фотографиите.
Брз и лесен Брзото вклучување веднаш ги подготвува функциите за работа. Потоа извлекувањето максимум од нив е едноставно, благодарение на интуитивниот и логичниот кориснички интерфејс.
Долготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MX340 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартии за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|