Canon PIXMA MX870 Инкџет мултифункционални уреди
|
|
|
|
PIXMA MX870 е извонреден "сè-во-едно" уред за канцелариско користење со автоматски двостран ADF механизам за 35 листови и Wi-Fi/етернет поврзување. Печатење, копирање, скенирање, испраќање факс и директно печатење на фотографии.
|
|
Карактеристики |
- Печатење, скенирање, копирање и испраќање на факсови
- Wi-Fi и етернет
- Super G3 испраќање на факс
- Двостран ADF механизам со голема брзина за 35 листови
- 5 единечни патрони
- Отвори за мемориски картички и TFT екран од 6,2cm
- Напредно управување со медиуми
- ISO: ESAT брзина 9,4/6,1 слики/мин (црно-бело/во боја)
- Фотографии без рабови за 39 секунди.
- ChromaLife100+
|
|
| Продуктивен "сè-во-едно" печатач со Wi-Fi, отвори за мемориски картички и TFT екран од 6,2cm |
|
Споделете 4-во-1 функционалност без ограничувања Печатете, скенирајте, копирајте и праќајте факсови од речиси секаде во канцеларијата или домот со Wi-Fi и етернет поврзувањето. Овој "сè-во-едно" печатач со можност за поврзување во мрежа го прави едноставно споделувањето содржини преку локална мрежа - без несмасни кабли за поврзување.
Брзо испраќање на факс. Заштедете факсови, заштедете хартија. Искористете го брзото 33,6kbps Super G3 испраќање факсови. Дојдовните факсови може да се зачуваат на внатрешната меморија, а потоа да се зачуваат на мемориска картичка или на USB уред - така што може да ги прегледате и архивирате без да треба сите да ги печатите.
Обработка на документи со голема брзина Вршете брзо и ефикасно автоматско скенирање, копирање или испраќање по факс на големи двострани документи. Вградениот двостран автоматски механизам за снабдување со документи (ADF) за 35 листови лесно се справува со сето тоа. Скенирај и зачувај во ‘компактен pdf’ овозможува дoбивање на фајл со мала големина, кој е идеален за зачувување или испраќање по e-mail. Автоматско двострано печатење, полнење хартија од 2 страни и фах со самостојно отворање, сето тоа обезбедува разновидност и лесно користење.
Минимизирајте го трошењето мастило, скратете ги трошоците 5-те единечни резервоари за мастило (PGI-520BK, CLI-521BK/C/M/Y) ќе ви овозможат намалување на работните трошоци - бидејќи секој резервоар може одделно да се замени.
Исклучителен фото-лабораториски квалитет FINE технологијата на Canon со капки мастило од 1pl овозможува резолуција од 9600x2400dpi – за неверојатно детални фотографии и слики во боја. Спектакуларна фотографија од 10x15cm се печати за приближно 39 секунди.*
6,2cm TFT екран во боја Лесно прегледувајте и управувајте со фотографиите, без компјутер, преку отворите за мемориска картичка и практичниот TFT екран во боја од 6,2cm.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реалните перформанси на печатење. PIXMA MX870 нуди големи ISO ESAT брзини од 9,4слики/мин за еднобојни документи и 6,1слики/мин за документи во боја.
Интуитивен софтвер Софтверот Auto Document Fix обезбедува извонредно скенирање кое лесно се чита дури и за документи во боја со комбинација на текст и слики. Auto Photo Fix II врши исправање на широк опсег чести грешки во фотографиите и го оптимизира квалитетот на сликите и фотографиите.
Долготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MX870 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартии за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|
|
 |
|