Достапен, компактен и лесен за користење, ова комплетно решение за печатење, копирање и скенирање во боја е идеално за мали и домашни канцеларии. Брзото печатење на првата страница и отпечатоците со висок квалитет обезбедуваат максимална продуктивност.
|
Повеќе продуктивност во помал простор Овој компактен ласерски мултифункционалец овозможува комплетна продуктивност на печатење, копирање и скенирање во боја, во една компактна единица: Робустен и стилски, тој донесува професионални перформанси на вашата работна површина.
Без чекање Времето на излегување на првата копија, пократко од 9 секунди, ви штеди време и го забрзува вашиот работен тек. Вклучете го и веднаш започнете да печатите или да копирате. Со перформансите на брзо прво печатење речиси да нема време на загревање од режимот на мирување. Така што веќе не треба да чекате наоколу секојпат кога ви треба да отпечатите или да ископирате само неколку страници.
Штеди енергија Нашата технологија на фиксирање по потреба, која ги овозможува перформансите на брзо прво печатење, помага и во ефикасно намалување на трошоците за струја. Во комбинација со тонерот „по-потреба„ , тој ја намалува потрошувачката на струја до 75% во споредба со вообичаената метода на фиксирање на валјаците.
Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина Излезната брзина е 20 страници во минута, за печатење и копирање. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600dpi испорачува професионално печатење на текст и графики со ласерски квалитет. Можете да ги искористете предностите и од брзината и од квалитетот, без компромис.
Разновидно скенирање во боја Скенирајте документи и фотографии во боја директно од компјутерските апликации, до е-пошта или во PDF со можност за пребарување текст. Високата резолуција од 9600 x 9600dpi (подобрена) овозможува оптимални резултати. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, што лесно се уредуваат и споделуваат, со помош на MF алатникот. Софтверот за OCR овозможува лесно пребарување на документите со помош на специфични клучни зборови.
Едноставна касета се-во-едно Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот мултифункционалец е повторно како нов. Менувајте ги патроните за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.
Напредно ракување со хартијата Фах за хартија од 250-листа (макс. A4), повеќенаменски магацин за единечни листови, како и голем излезен магацин, обезбедуваат флексибилно ракување со хартијата.
Продуктивно работење во мрежа Изборниот сервер за печатење AXIS 1650 нуди продуктивно мрежно печатење и скенирање во боја. Лесен за поставување и ракување, тој и овозможува на мала работна група целосно споделување на овие функции преку нивните поврзани компјутери.
|