Canon i-SENSYS MF4320d i-SENSYS Ласерски мултифункционални уреди
Архива на производи
|
|
|
|
Искористете ги придобивките од професионалниот квалитет на печатени, фотокопирани и скенирани материјали со овој компактен и ефтин црно-бел ласер Се-Во-Едно. Брз, лесен за употреба и економичен, тој е опремен со опција за автоматско двострано печатење.
|
|
Карактеристики |
- Се-Во-Едно: печатење, фотокопирање и скенирање
- 22 стр/мин / коп/мин печатење до 1200 x 600 dpi
- Време на произведување на прва копија: 9 секунди или помалку
- Штеди енергија
- Автоматско двострано печатење
- Скенирање во боја, снимено како PDF
|
|
| Компактен, ефтин и практичен ласер Се-Во-Едно |
|
Предноста на Се-Во-Едно Искористете ја предноста на функцијата за печатење, фотокопирање и скенирање во боја со овој ефтин, мал и мултифункционален уред. Лесен за употреба и одржување, тој ја доведува до максимум ефикасноста и ги сведува на минимум вашите инвестициски трошоци.
Брз, професионален краен производ Забрзајте го вашиот проток на работа со продуктивно печатење и фотокопирање до 22 стр/мин / коп/мин Зголемената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува професионален ласерски производ на целата ваша работа со јасен текст и фина графика.
Заштеда на време и енергија Нема чекање или губење време благодарение на технологиите Quick First-Print. Со инстантното загревање, машината започнува со акција во моментот кога тоа ви е потребно. Овој економичен уред користи само 3 вати во режим на мирување, обезбедувајќи заштеда на енергија и пониски трошоци за енергја.
Автоматско двострано печатење Штеди хартија, намалува трошоци и произведува професионални документи со практично двострано печатење. Намалената употреба на хартија исто така помага во заштита на животната средина.
Величествено скенирање во боја Лесно скенирајте документи и фотографии во боја - со резолуција до 9600 x 9600 dpi - и снимајте ги во различни формати на датотеки. Скенирајте директно во PDF за да го забрзате протокот на вашата работа и креирајте практични PDF датотеки кои лесно се пребаруваат. Прецизниот софтвер OCR (Оптичко препознавање на знаци) го претвора печатениот текст во електронски документи кои можат да се уредуваат, без потреба од комплицирано пречукување.
Касета се-во-едно Касетата се-во-едно обезбедува работење без потреба од одржување и дава постојан висок квалитет на крајниот производ. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - со оригинална касета за ласер Canon и вашиот мултифункционален уред ќе биде ист како нов.
|
|
 |
|