Canon i-SENSYS MF4330d i-SENSYS Ласерски мултифункционални уреди
Архива на производи
|
|
|
|
Овој компактен црно-бел ласер Се-Во-Едно е економичен, лесен за употреба и нуди автоматско двострано печатење. Тој произведува брз, професионален печатен материјал, со автоматско полнење на документи заради зголемување на продуктивноста
|
|
Карактеристики |
- Се-Во-Едно: печатење, фотокопирање и скенирање
- 22 стр/мин / коп/мин печатење до 1200 x 600 dpi
- Време на произведување на прва копија: 9 секунди или помалку
- Штеди енергија
- Автоматско двострано печатење
- Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа
- Скенирање во боја, снимено како PDF
|
|
| Компактен, ефтин и продуктивен ласер Се-Во-Едно |
|
Извонреден е-во-едно Нудејќи одлична вредност за парите, овој компактен мултифункционален уред обезбедува врвно печатење, фотокопирање и скенирање во боја во една единица која ви заштедува простор - со цел да ја доведе до максимум ефикасноста и да ги сведе на минимум инвестициските трошоци.
Брз, професионален краен производ Забрзајте го вашиот проток на работа со продуктивно печатење и фотокопирање до 22 стр/мин / коп/мин Зголемената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува професионален ласерски производ на целата ваша работа со јасен текст и фина графика.
Заштеда на време и енергија Нема чекање или губење време благодарение на технологиите Quick First-Print. Со инстантното загревање, машината започнува со акција во моментот кога тоа ви е потребно. Овој економичен уред користи само 3 вати во режим на мирување, обезбедувајќи заштеда на енергија.
Автоматско двострано печатење Штеди хартија, намалува трошоци и произведува професионални документи со практично двострано печатење. Намалената употреба на хартија исто така помага во заштита на животната средина.
Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа Копирајте и скенирајте документи со повеќе страници брзо и лесно со помош на автоматскиот механизам за вовлекување на документи, за 35 листа.
Величествено скенирање во боја Лесно скенирајте документи и фотографии во боја - со резолуција до 9600 x 9600 dpi - и снимајте ги во различни формати на датотеки. Скенирајте директно во PDF за да го забрзате протокот на вашата работа и креирајте практични PDF датотеки кои лесно се пребаруваат. Прецизниот софтвер OCR (Оптичко препознавање на знаци) го претвора печатениот текст во електронски документи кои можат да се уредуваат, без потреба од комплицирано пречукување.
Касета се-во-едно Касетата се-во-едно обезбедува работење без потреба од одржување и дава постојан висок квалитет на крајниот производ. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - со оригинална касета за ласер Canon и вашиот мултифункционален уред ќе биде ист како нов.
|
|
 |
|