Canon i-SENSYS MF4350d i-SENSYS Ласерски мултифункционални уреди
Архива на производи
|
|
|
|
Искористете ги предностите од квалитетно професионално печатење, испраќање на факсови, фотокопирање и скенирање - со автоматски вовлекувач на документи заради зголемување на продуктивноста. Овој компактен црно-бел ласер Се-Во-Едно е брз и опремен со функција за автоматско двострано печатење.
|
|
Карактеристики |
- Се-Во-Едно: печатење, испраќање на факсови, фотокопирање и скенирање
- 22 стр/мин / коп/мин печатење до 1200 x 600 dpi
- Време на произведување на прва копија: 9 секунди или помалку
- Штеди енергија
- Автоматско двострано печатење
- Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа
- Скенирање во боја, снимено како PDF
- Модем за факс Super G3
|
|
| Компактен, комплетен и продуктивен ласер Се-Во-Едно |
|
Продуктивност Се-Во-Едно Заштедете на простор и намалете ги трошоците со една компактна машина која врши повеќе функции. Искористете ги целосните можности на печатење, испраќање на факсови, фотокопирање и скенирање - плус автоматско двострано печатење и вовлекување на документи.
Брз, професионален краен производ Забрзајте го вашиот проток на работа со продуктивно печатење и фотокопирање до 22 стр/мин / коп/мин Зголемената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува професионален ласерски производ на целата ваша работа со јасен текст и фина графика.
Заштеда на време и енергија Нема чекање или губење време благодарение на технологиите Quick First-Print. Со инстантното загревање, машината започнува со акција во моментот кога тоа ви е потребно. Овој економичен уред користи само 3 вати во режим на мирување, обезбедувајќи заштеда на енергија.
Автоматско двострано печатење Штеди хартија, намалува трошоци и произведува професионални документи со практично двострано печатење. Намалената употреба на хартија исто така помага во заштита на животната средина.
Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа Копирајте, испраќајте преку факс и скенирајте документи со повеќе страници брзо и лесно со помош на автоматскиот механизам за вовлекување на документи, за 35 листа.
Величествено скенирање во боја Лесно скенирајте документи и фотографии во боја - со резолуција до 9600 x 9600 dpi - и снимајте ги во различни формати на датотеки. Скенирајте директно во PDF за да го забрзате протокот на вашата работа и креирајте практични PDF датотеки кои лесно се пребаруваат. Прецизниот софтвер OCR (Оптичко препознавање на знаци) го претвора печатениот текст во електронски документи кои можат да се уредуваат, без потреба од комплицирано пречукување.
Брзо испраќање на факс Испраќајте документи преку факс брзо и ефикасно благодарение на факс модемот Super G3. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува факсовите ако се потрошат хартијата или тонерот. Нашата технологија со Ултра висок квалитет обезбедува дури и најфините детаљи јасно да се пренесуваат кога се испраќаат документи.
Касета се-во-едно Касетата се-во-едно обезбедува работење без потреба од одржување и постојан висок квалитет на крајниот производ. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - со оригинална касета за ласер Canon и вашиот мултифункционален уред ќе биде ист како нов.
*Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|
|
 |
|