- Сè-во-едно: печатење, испраќање факсови, копирање, скенирање
- 22 ppm/cpm, печатење до 1200 x 600dpi
- Време на прво печатење: 9 секунди или помалку
- Штеди енергија
- Двострано печатење/копирање/испраќање факсови/скенирање
- Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи, за 50 листа
- Скенирајте во боја, снимете во PDF
- Модем за факс Super G3
- Подготвен за мрежа
|
Паметно решение Сè-во-едно Како идеално решение за малите, зафатени канцеларии, овој компактен Сè-во-едно ги крати инвестициските трошоци и го штеди просторот - исполнувајќи ги истовремено сите потреби за печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање.
Брзи, професионални резултати Забрзајте го работниот тек со продуктивно печатење и копирање со брзи 22 ppm/cpm. Зголемената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi испорачува професионални ласерски резултати за сета ваша работа, со остар текст и фина графика.
Брзина која штеди време и енергија Благодарение на технологиите за печатење Quick First, нема веќе чекање или губење време. Со моментално загревање, машината ускокнува веднаш штом ви треба. Овој економичен уред користи само 3 вати во режимот на спиење, обезбедувајќи висок степен на искористување на енергијата.
Автоматско двострано печатење Заштедете хартија и произведете професионални документи со практично автоматско двострано печатење. Двостраното копирање, испраќање факсови и скенирање придонесуваат кон штедење на хартија и намалување на трошоците - додека намалената потрошувачка на хартија помага и во заштитата на животната средина.
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи Автоматскиот механизам за вовлекување документи, за 50 страници, овозможува брзо и лесно автоматско двострано копирање, скенирање и испраќање на вашите документи со повеќе страници по факс.
Величествено скенирање во боја Скенирајте документи и фотографии во боја – со резолуција до 9600 x 9600 dpi - и снимете ги во разни формати на датотеки. Скенирајте директно во PDF за да го забрзате работниот тек и да креирате практични датотеки во PDF, кои можат да се пребаруваат. Вградениот софтвер за OCR (оптичко препознавање знаци) го претвора печатениот текст во електронски документи со можност за уредување, без комплицирано пречукување.
Брзо испраќање факсови Испраќајте ги документите по факс брзо и ефикасно, благодарение на модемот за факс Super G3. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува факсовите ако се потрошат хартијата или тонерот. Нашата технологија за ултра висок квалитет обезбедува при испраќањето на документите јасно да се пренесат дури и најситните детали.
Подготвен за мрежа Со овој уред со подготовка за мрежа, малите работни групи можат да споделуваат продуктивно печатење, испраќање факсови преку компјутер (само испраќање), копирање и скенирање. Далечинскиот кориснички интерфејс им овозможува на корисниците и на администраторите да го надгледуваат и управуваат статусот на машината директно од нивните Интернет-прелистувачи.
Патрон Сè-во-едно Патронот Сè-во-едно обезбедува работа без одржување и постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете го компактниот патрон - кој содржи тонер, барабан и единици за чистење - со автентичен Canon-ов ласерски патрон и вашиот печатач е повторно како нов.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|