Видете како продуктивноста ќе се зголеми, заштедете простор и скратете ги работните трошоци со овој компактен, енергетски ефикасен 4-во-1 повеќефункционален печатач со можност за поврзување во мрежа. Заедно со моќната SEND функционалност и автоматското двострано печатење.
|
- Компактен "сè-во-едно" уред: печатење, копирање, испраќање факс и скенирање
- 30 страни/копии во минута, 8 секунди време до излегување на првата копија
- Скенирајте на e-mail, мрежен фолдер и USB мемориски уред
- Автоматско двострано печатење/копирање/скенирање/испраќање факс
- Можност за поврзување во мрежа, PCL5e/6 поддршка
- Енергетски ефикасен
|
4-во-1 функционалност со заштеда на простор Специјално дизајниран за мали работни групи, i-SENSYS MF5880dn ви помага да ја исполните побарувачката за денешниот деловен свет. Овој 4-во-1 повеќефункционален печатач со можност за поврзување во мрежа содржи двострано печатење, скенирање, копирање и испраќање факс во еден изненадувачки компактен канцелариски уред кој е едноставен за употреба и управување.
Заштедете време Со излезна брзина од 30 страници во минута и печатење на првата страница од само 8 секунди, печатениот материјал и копиите се доставуваат во моментот кога ви се потребни. Потребно ви е да скенирате, копирате или испратите преку факс двостран документ - нема проблем. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи за 50 листови лесно се справува со тоа. Исто така, предолгото чекање за печатачот да се загрее е минато. Со технологиите за брзо печатење на првата страница се овозможува брзо враќање во функција, така што нема да чекате за важен документ.
Извонреден квалитет на слика Без разлика дали треба да печатите остар текст и беспрекорна графика или да копирате со сите детали, i-SENSYS MF5880dn обезбедува црно-бели деловни документи со неверојатен квалитет.
Заштедете енергија и скратете ги вашите трошоци i-SENSYS MF5880dn, кој поседува Energy Star сертификат, ви помага да го намалите влијанието на печатењето врз околината, а воедно и да ги скратите трошоците. Со TEC* (Typical Electricity Consumption) рејтинг од само 1,321 KWh/неделно, вие добивате повеќе од овој енергетски ефикасен уред за печатење. Автоматското двострано печатење како стандард ви помага значително да ја скратите употребата на хартија.
Ги забрзува работните процеси Функционалноста SEND го трансформира начинот на скенирање документи за дистрибуирање, споделување или складирање. Скенирајте директно на e-mail, мрежен фолдер или на USB уред преку практичниот USB отвор. Компактните PDF фајлови на Canon, кои овозможуваат комбинација на најмала големина на фајл со висок квалитет на слика, се совршени за праќање преку e-mail и споделување.
Максимална продуктивност "Сè-во-едно" картриџ системот на Canon кој е едноставен за користење овозможува работење без одржување за секоја промена, со што секогаш се обезбедува испечатен материјал со висок квалитет. За дополнително зафатени работни групи, изборната касета го проширува капацитетот за снабдување со хартија до 800 листови.
Лесно управување и безбедност Поддршката за PCL5e/6 овозможува i-SENSYS MF5880dn да се вклопи во секое деловно опкружување. Далечинскиот кориснички интерфејс му дозволува на администраторот на мрежата оддалеку да управува со поставувањето и набљудувањето на статусот преку веб-пребарувач. Управувањето со ID за оддели ги заштитува важните параметри, спречува неовластен пристап до функционалноста на машината и овозможува строга контрола на трошоците.
* TEC методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star: http://www.eu-energystar.org
|