Споделете 4-во-1 функционалност со заштеда на простор Заштедете простор и намалете ги трошоците со овој "сè-во-едно" уред подготвен за мрежно поврзување, кој на зафатените работни групи им нуди еднобојно печатење, факс, копирање и скенирање во боја со високи перформанси во еден компактен уред.
Заштедете време и забрзајте ја продуктивноста Печатете и копирајте директно од режим на мирување благодарение на технологијата за брз почеток на печатењето. Исполнете ги најитните рокови со излезната брзина од 30 страници во минута и одличните 8 секунди или помалку за првиот отпечатен лист. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи со капацитет од 50 листа заштедува уште повеќе време, обезбедувајќи продуктивно, автоматско двострано копирање, скенирање и испраќање факсови на двострани оригинали.
Зголемете ја комуникацијата, подобрете го работниот процес Скенирајте документи за директно праќање по електронска пошта или во мрежен директориум користејќи ја моќната SEND функционалност. Тоа е најлесниот начин да ја зголемите комуникацијата и да го забрзате работниот процес. Компактните PDF датотеки на Canon се совршени за праќање по електронска пошта и споделување благодарејќи на нашата технологија за обработка која овозможува мала големина на датотека (околу 1/10 од големината на стандардната компресија) без да се загрози квалитетот на сликата.
Намалете ги трошоците, заштедете енергија Значително намалете ги трошоците и намалете го хартиениот отпад со автоматското двострано печатење. i-SENSYS MF6680dn се одликува со Energy Star сертификат, троши само 3 вати во режим на мирување и има ефикасна TEC* (Типична потрошувачка на електрична енергија) вредност од само 1,323 KWh неделно.
Обезбедете максимално време на оперативност Искористете ги придобивките од сигурното печатење во големи количини благодарение на издржливиот дизајн, како и на стандардната касета за 500 листа, која може да се прошири до 1000 листа, за непрекинато печатење. "Сè-во-едно" картриџ системот на Canon овозможува работење без одржување и печатење со постојан висок квалитет.
Лесен за управување и безбеден Поддршката за PCL5e/6 овозможува одлично вклопување во постоечките корпоративни IT работни процеси и системи. Далечинскиот кориснички интерфејс им дозволува на корисниците и администраторите оддалеку да го набљудуваат и да управуваат со статусот на уредот без напор, директно преку мрежата. Управувањето со ID за оддели ги заштитува важните параметри, спречува неовластен пристап до функционалноста на машината и овозможува строга контрола на трошоците за печатење, копирање и факс.
* TEC ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела. Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star: http://www.eu-energystar.org
|