Споделувајте печатење во боја, копирање и скенирање со овој компактен уред. Подготвен за мрежно поврзување, едноставен за користење и енергетски ефикасен, тој ќе го направи професионалниот квалитет во боја достапен и за помалите фирми.
|
Уметност на едноставноста Овој интелигентен повеќефункционален уред нуди комбинација на едноставен стил и заштеда на просторот. Неговиот елегантен некомплициран дизајн - со рамномерни заоблени линии - овозможува едноставна употреба и лесно поставување, како и исклучителна погодност на обработката во боја.
Извонреден квалитет во боја Напредните технологии за печатење во боја на Canon ви даваат можност за конкурентност, обезбедувајќи верна репродукција на боите и остар црно-бел текст. Создавајте импресивни маркетиншки материјали благодарение на овие иновативни технологии, S-Toner и Автоматско усовршување на сликата (AIR) за печатење до 2400 x 600 dpi.
Заштедете време Печатете и копирајте директно од режим на мирување и избегнете го непотребното чекање. Благодарение на технологиите за брз почеток на печатењето, уредот ќе започне со извршување на задачите речиси во истиот момент кога ви е потребен. Вашите документи се обработуваат со брзина од 8 страници во минута во боја и 12 страници во минута во црно-бел формат. Автоматскиот механизам за снабдување со документи за 50 листови, ќе придонесе за севкупната заштеда на времето.
Намалете ги трошоците, заштедете енергија Заштедете енергија и намалете ги вашите работни трошоци. Енергетски ефикасниот i-SENSYS MF8030Cn има добиено Energy Star сертификат и троши само 3 вати во режим на мирување.
Врвно скенирање во боја Скенирајте во боја со извонреден квалитет во неколку едноставни чекори, со можност за скенирање преку мрежа или директно скенирање на USB мемориски уред. Скенирајте во голем број дигитални формати, вклучувајќи компресирани PDF датотеки кои се совршени за праќање по електронска пошта и споделување. Технологијата за компресија на Canon ја намалува големината на датотеките без да се загрози квалитетот на сликата.
Едноставно користење Практичниот LCD екран со 5 реда, задно осветлување, интуитивни менија и анимирана дијагностика на проблеми, овозможува едноставно ракување уште од самиот почеток. "Сè-во-едно" картриџ системот на Canon овозможува работење без одржување, постојано печатење со висок квалитет и практичност на помалку потрошни материјали.
Подготвен за мрежно поврзување Малите работни групи можат да ја споделуваат функционалноста. Далечинскиот кориснички интерфејс им дозволува на корисниците и администраторите оддалеку да го набљудуваат и да управуваат со статусот на уредот преку мрежата. Управувањето со ID за оддели ги заштитува важните параметри, спречува неовластен пристап до функционалноста на машината и овозможува строга контрола на трошоците.
|