Уметност на едноставноста Овој повеќефункционален уред со високи перформанси нуди комбинација на едноставен стил и заштеда на просторот. Неговиот елегантен некомплициран дизајн - со рамномерни заоблени линии - овозможува едноставна употреба и лесно поставување, како и исклучителна погодност на обработката во боја.
Извонреден квалитет во боја Напредните технологии за печатење во боја на Canon ви даваат можност за конкурентност, обезбедувајќи верна репродукција на боите и остар црно-бел текст. Создавајте импресивни маркетиншки материјали благодарение на овие иновативни технологии, S-Toner и Автоматско усовршување на сликата (AIR) за печатење до 2400 x 600 dpi.
Забрзајте ја продуктивноста Големата излезна брзина од 20 стр(коп)/мин во боја и во црно-бел формат овозможува печатењето на големи количини да стане достапно за малите и средните фирми. Стандардното автоматско двострано печатење, кусото време до излегување на првата копија од само 16 секунди или помалку (во боја и црно-бел формат) и автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи со 50 листови, овозможуваат забрзување на продуктивноста. Печатете и копирајте директно од режим на мирување благодарение на технологијата за брз почеток на печатењето.
Намалете ги трошоците, заштедете енергија Намалете ги трошоците за хартија со автоматско двострано печатење. Намалете ги и работните трошоци, бидејќи овој енергетски ефикасен повеќефункционален уред има добиено Energy Star сертификат и троши само 3 вати во режим на мирување.
Врвно скенирање во боја Скенирајте во боја со извонреден квалитет во неколку едноставни чекори, со можност за скенирање преку мрежа или директно скенирање на USB мемориски уред. Скенирајте во голем број дигитални формати, вклучувајќи компресирани PDF датотеки кои се совршени за праќање по електронска пошта и споделување. Технологијата за компресија на Canon ја намалува големината на датотеките без да се загрози квалитетот на сликата.
Едноставно користење Практичниот LCD екран со 5 реда, задно осветлување, интуитивни менија и анимирана дијагностика на проблеми, овозможува едноставно ракување уште од самиот почеток. "Сè-во-едно" картриџ системот на Canon овозможува работење без одржување, постојано печатење со висок квалитет и практичност на помалку потрошни материјали.
Подготвен за мрежно поврзување Малите работни групи можат да ја споделуваат функционалноста. Далечинскиот кориснички интерфејс им дозволува на корисниците и администраторите оддалеку да го набљудуваат и да управуваат со статусот на уредот преку мрежата. Управувањето со ID за оддели ги заштитува важните параметри, спречува неовластен пристап до функционалноста на машината и овозможува строга контрола на трошоците.
|