Овој интелигентен ласер во боја 4-во-1, во кој е вклучен и факс, нуди професионален краен производ во боја, моќна функционалност ИСПРАЌАЊЕ и автоматски дуплекс. Тој е идеално решение за корпоративни и деловни работни групи.
|
ефикасност 4-во-1 Штеди простор и ги намалува трошоците со супериорна ефикасност при печатење во боја, испраќање на факсови, фотокопирање и скенирање, се во еден стилизиран, компактен уред.
Исклучителен квалитет на боја и чист црн текст. Збогатете ја вашата работа со убави слики во боја, истакнати графики и јасен текст. Овој модел за на биро вклучува во себе голем број современи технологии што можат да се сретнат кај врвните уреди на Canon со цел обезбедување на најдобриот квалитет во боја.
Штеди време, намалува трошоци за енергија Со технологиите Quick First-Print постигнато е нула време за загревање, така што нема чекање. Уредот започнува со работа во моментот кога е тоа потребно. А со брзина до 21 стр/мин на печатени или фотокопирани материјали во боја, исто така нема чекање за завршување на печатењето. The i-SENSYS MF9170 има добиено сертификат за Energy Star и троши само 1,2 вати во режим на мирување.
Максимална корисност Големиот 3,5 инча TFT дисплеј во боја со Тркалцето за лесно превртување овозможува лесен пристап до сите функции. Графичко мени ориентирано кон цели овозможува брзо, беспрекорно работење.
Непрекинато работење во мрежа Овој уред спремен за вмрежување нуди PCL 5c/6 поддршка за лесно интегрирање во вашата постојна PCL околина за печатење. Споделете го продуктивното печатење, скенирање и PC испраќање на факс (само испраќање) со целиот ваш тим или работна група. Интерфејсот за далечински корисник (Remote User Interface) им овозможува на корисниците и администраторите да го проверуваат и да управуваат со статусот на машината директно од нивните веб пребарувачи.
Моќна функционалност за ИСПРАЌАЊЕ. Скенирајте и ИСПРАЌАЈТЕ документи во боја брзо и лесно преку е-пошта, мрежен сервер за датотеки, FTP сервер, интернет факс или USB мемориски тастер. „Компактните PDF датотеки “ на Canon со висок квалитет и со можност за пренесување се идеални за споделување.
Продуктивност доведена до максимум Намалени трошоци, заштеда на хартија и производство на професионални документи со автоматско двострано печатење. Полначот за хартија - Duplex Automatic Document Feeder овозможува автоматско двострано фотокопирање, скенирање и испраќање на факс. Со максимален капацитет на хартија од 850 листови во А4 големина (со нездолжителен потпирач) и 512 MB заедничка меморија , i-SENSYS MF9170 може да се справи и со најголем обем на работа.
Безбедност и контрола на трошоците Управувачката функцијата на Одделението и ID на корисник го ограничуваат пристапот само за овластен персонал - и овозможуваат детален надзор врз трошоците за фотокопирање, печатење и испраќање на факс.
Брзо испраќање на факс Факс документи - брзи и ефикасни благодарение на факс модемот Super G3 fax, 300-брзи вртења и 1000-страници* факс меморија.
Печатење фотографии без компјутер Вградени влезови за мемориски картички обезбедуваат печатење на фотографии од мемориски картички без компјутер.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1
|