Стандардна WXGA резолуција со преглед на широк екран Стандардната WXGA резолуција (1280 x 800 пиксели) обезбедува јасност и детали кои ви се потребни за првокласни презентации. Со компатибилноста за широк сооднос на слика 16:10, со леснотија може да прикажувате подвижни слики директно од вашиот пренослив компјутер со широк формат.
Најосветлени слики Проектирањето со 3000 лумени обезбедува извонредно осветлени слики дури и во силно осветлени опкружувања. Соодносот на контрастот од 500:1 обезбедува остра јасност на сликата и богата и живописна репродукција на бојата.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Потребно ви е совршено да проектирате слики во мал простор? Нема проблем. Разновидниот широкоаголен објектив со зум од 1,2x може да проектира голема слика при мала оддалеченост – создавајќи дијагонала на слика од 100” (215 x 135 cm) на само 2,9 метри.
Заштедува енергија, еколошки Скратете ги вашите работни трошоци и намалете го вашето влијание врз околината со овој енергетски ефикасен проектор. Во режим на подготвеност, потрошувачката на енергија изнесува само 0,7 вати. Постои продолжен век на траење на ламбата до 5.000 часа кога работи во тивок режим. Дури и специјален мерач на јаглен го прикажува намалувањето на CO2 кое се постигнува во тивок режим, во споредба со функционирање во нормален режим.
Тивко функционирање Друга предност на тивкиот режим е тоа што нивоата на звук се спуштени на само 29dBA. Нема вознемирувачки шум во заднина, така што публиката може целосно да се фокусира на содржината на вашата презентација.
Автоматска корекција на слика Автоматската трапезоидна корекција автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот, во опсег од +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот нуди девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, за обезбедување на точна репродукција на боја за сите видови површини.
Моќен аудио излез Излезната моќ од 7W на вградениот звучник кај проекторот обезбедува јасна акустика во релативно големи простори. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Лесно користење Овој пренослив проектор е едноставен за користење насекаде, благодарение на едноставното и интуитивното поставување и вградената рачка за носење. Лесното заменување на ламбата преку врвот на единицата и капачето на објективот кое е отпорно на прав обезбедуваат минимално одржување.
Изборно мрежно и DVI поврзување Приклучокот RJ-45 на проекторот ја прави контролата и следењето преку мрежа едноставно. DVI приклучокот со HDCP можности нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|