Остри и чисти слики Без разлика дали сте во соба за конференции или училница, дадете и на вашата презентација дополнително влијание. LV-7280 се одликува со стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели) во комбинација со 2200 лумени. Крајниот резултат е осветлена, прекрасна, живописна и прецизна слика која го освојува вниманието на секоја публика.
Сооднос на контрастот од 2000:1 Благодарение на иновативната Auto Iris технологија, LV-7280 нуди неверојатен сооднос на контрастот од 2000:1. Тој обезбедува извонредна репродукција на боја и ги истакнува вистинските црни тонови во темните сцени, за подобро доживување при гледањето.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Добијте многу повеќе од совршеното проектирање дури и во помали простории и збиени опкружувања. Широкоаголниот објектив со зум од 1,2x овозможува проектирање на голема слика од куси растојанија. На пример, слика со дијагонала од 100” (203 x 152cm) може да се добие од само 3,1 метри.
Подобрена енергетска ефикасност Овој енергетски ефикасен проектор помага во скратувањето на работните трошоци и го намалува влијанието врз околината. Во режим на подготвеност, потрошувачката на енергија изнесува само 0,7 вати. Постои продолжен век на траење на ламбата до 5.000 часа кога работи во тивок режим. Дури и специјален мерач на јаглен го прикажува намалувањето на CO2 кое се постигнува во тивок режим, во споредба со функционирање во нормален режим.
Остри и неизобличени слики Автоматската трапезоидна корекција автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот, во опсег од +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот нуди девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, за обезбедување на точна репродукција на боја за сите видови површини.
Извонреден аудио излез Излезната моќ од 7W на вградениот звучник кај проекторот обезбедува јасна акустика во секакви простори. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Извонредно тивко функционирање Комуницирајте ефикасно, без вознемирувачки шум во заднина. Во тивок режим, LV-7280 создава само 29dBA, така што публиката може целосно да се фокусира на содржината на вашата презентација.
Практичен и пренослив Интелигентниот дизајн, лесното заменување на ламбата преку врвот на единицата, капачето на објективот кое е отпорно на прав и рачката за носење обезбедуваат практичност плус вистинска преносливост.
Опции за поврзување со DVI и RJ-45 RJ-45 приклучокот кај овој проектор го олеснува контролирањето и следењето преку мрежа – правејќи го идеален за интегрирање со AV контролни системи. DVI приклучокот со можност за HDCP нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|