Посветли и појасни слики Со 2600 лумени и стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели), LV-7285 обезбедува неверојатна моќ за проектирање во еден пренослив уред. Тој внесува исклучителна прецизност на сликата - со светли и живописни бои и остри детали на сликата - во сите ваши презентации кои ги правите во канцеларија или на пат.
Сооднос на контрастот од 2000:1 LV-7285 нуди неверојатен сооднос на контрастот од 2000:1, благодарение на иновативната Auto Iris технологија. Тој обезбедува извонредна репродукција на боја и ги истакнува вистинските црни тонови во темните сцени, за одлично доживување при гледањето.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Добијте многу повеќе од совршеното проектирање дури и во помали простории и збиени опкружувања. Широкоаголниот објектив со зум од 1,2x овозможува проектирање на голема слика од куси растојанија. На пример, слика со дијагонала од 100” (203 x 152cm) може да се добие од само 3,1 метри.
Ја намалува потрошувачката на енергија Скратете ги работните трошоци со овој енергетски ефикасен проектор и намалете го вашето влијание врз околината. Во режим на подготвеност, потрошувачката на енергија изнесува само 0,7 вати. Постои продолжен век на траење на ламбата до 5.000 часа кога работи во тивок режим. Дури и специјален мерач на јаглен го прикажува намалувањето на CO2 кое се постигнува во тивок режим, во споредба со функционирање во нормален режим.
Неизобличени и верни слики Автоматската трапезоидна корекција автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот, во опсег од +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот нуди девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, за обезбедување на точна репродукција на боја за сите видови површини.
Одличен аудио излез Излезната моќ од 7W на вградениот звучник кај проекторот обезбедува јасна акустика во секакви простори. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Тивко функционирање како шепот Комуницирајте ефикасно, без вознемирувачки шум во заднина. Во тивок режим, LV-7285 создава само 29dBA, така што публиката може целосно да се фокусира на содржината на вашата презентација.
Практичен и пренослив Интелигентниот дизајн, лесното заменување на ламбата преку врвот на единицата, капачето на објективот кое е отпорно на прав и рачката за носење обезбедуваат практичност плус вистинска преносливост.
Опции за поврзување со DVI и RJ-45 RJ-45 приклучокот кај овој проектор го олеснува контролирањето и следењето преку мрежа – правејќи го идеален за интегрирање со AV контролни системи. DVI приклучокот со можност за HDCP нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|