Стандардна XGA резолуција за живописни слики Одликувајќи се со стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели), LV-7380 проектира осветлени и живописни слики кои се детално јасни. Со 3000 лумени и сооднос на контрастот од 500:1, секогаш може да очекувате перформанси со висок квалитет. Уживајте во извонредна репродукција на боја на сите ваши презентации, дури и во опкружувања со најтешки услови за гледање.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Добијте многу повеќе од совршеното проектирање, без разлика дали се наоѓате во поголеми простории или во помали соби. Можно е добивање на максимална слика од 300” (610 x 457cm), а широкоаголниот објектив со зум од 1,2x може да проектира голема слика при мала оддалеченост. На пример, слика со дијагонала од 100” (203 x 152cm) може да се добие од само 3,1 метри.
Намалете ја потрошувачката на енергија, скратете ги трошоците Скратете ги работните трошоци со овој енергетски ефикасен проектор и намалете го вашето влијание врз околината. Во режим на подготвеност, потрошувачката на енергија изнесува само 0,7 вати. Постои продолжен век на траење на лампата до 5.000 часа кога работи во тивок режим. Дури и специјален мерач на јаглен го прикажува намалувањето на CO2 кое се постигнува во тивок режим, во споредба со функционирање во нормален режим.
Речиси нечујно функционирање Друга предност на тивкиот режим е тоа што нивоата на звук се спуштени на само 29dBA. Нема вознемирувачки шум во заднина, така што публиката може целосно да се фокусира на содржината на вашата презентација.
Елиминирање на изобличувањето на сликата Автоматската трапезоидна корекција автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот, во опсег од +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот нуди девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, за обезбедување на точна репродукција на боја за сите видови површини.
Одличен аудио излез Излезната моќ од 7W на вградениот звучник кај проекторот обезбедува јасна акустика во релативно големи простори. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Интелигентен дизајн со мала тежина Интелигентниот дизајн, лесното заменување на ламбата преку врвот на единицата, капачето на објективот кое е отпорно на прав и рачката за носење обезбедуваат практичност плус вистинска преносливост.
Изборно мрежно и DVI поврзување RJ-45 приклучокот кај овој проектор го олеснува контролирањето и следењето преку мрежа – правејќи го идеален за интегрирање со AV контролни системи. DVI приклучокот со можност за HDCP нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|