Стандардна XGA резолуција и извонредно осветлена слика Со 3500 лумени, проекторот LV-7385 создава јасни и осветлени слики дури и во добро осветлени опкружувања. На тоа додадете ја предноста на стандардната XGA резолуција (1024 x 768 пиксели) и соодносот на контрастот од 500:1 и може да бидете сигурни дека секогаш ќе добивате јасни и остри слики, фини детали и одлична репродукција на боја - за успешни презентации каде и да одите.
Широкоаголен објектив со зум од 1,2x Добијте многу повеќе од совршеното проектирање, без разлика дали се наоѓате во поголеми простории или во најмали соби. Можно е добивање на максимална слика од 300” (610 x 457cm), а широкоаголниот објектив со зум од 1,2x може да проектира голема слика при мала оддалеченост. На пример, слика со дијагонала од 100” (203 x 152cm) може да се добие од само 3,1 метри.
Заштедете енергија, помогнете и на околината Скратете ги работните трошоци и намалете го вашето влијание врз околината со овој енергетски ефикасен проектор. Во режим на подготвеност, потрошувачката на енергија изнесува само 0,7 вати. Постои продолжен век на траење на лампата до 5.000 часа кога работи во тивок режим. Дури и специјален мерач на јаглен го прикажува намалувањето на CO2 кое се постигнува во тивок режим, во споредба со функционирање во нормален режим.
Тивко функционирање Друга предност на тивкиот режим е тоа што нивоата на звук се спуштени на само 29dBA. Нема вознемирувачки шум во заднина, така што публиката може целосно да се фокусира на содржината на вашата презентација.
Автоматска трапезоидна корекција Автоматската трапезоидна корекција автоматски го исправа изобличувањето на сликата предизвикано од закосување на проекторот, во опсег од +/- 30 степени. Компензацијата на бојата на екранот нуди девет режими, вклучувајќи режими за бела и зелена табла, за обезбедување на точна репродукција на боја за сите видови површини.
Одличен аудио излез Излезната моќ од 7W на вградениот звучник кај проекторот обезбедува јасна акустика во релативно големи простори. Доколку е потребно, линискиот излезен приклучок нуди аудио излез за надворешен засилувач.
Интелигентен дизајн со мала тежина Интелигентниот дизајн, лесното заменување на ламбата преку врвот на единицата, капачето на објективот кое е отпорно на прав и рачката за носење обезбедуваат практичност плус целосна преносливост.
Изборно мрежно и DVI поврзување RJ-45 приклучокот кај овој проектор го олеснува контролирањето и следењето преку мрежа – правејќи го идеален за интегрирање со AV контролни системи. DVI приклучокот со можност за HDCP нуди репродукција на остра слика од дигитални извори.
|