Најјасен квалитет на слика Во денешната конкурентна бизнис клима, вашите професионални презентации треба јасно да се истакнат од останатите. Тука XEED SX7 MARK II се разликува од останатите. Тој проектира совршени и беспрекорни слики без празнини помеѓу пикселите, благодарение на напредната LCOS технологија. Стандардната SXGA+ резолуција (1400 x 1050 пиксели) обезбедува извонредна репродукција на оригинален текст, графика и видео снимки.
Екстра осветленост во секое опкружување Добијте повеќе од моќната проекција со јасни слики, дури и кога правите презентации во големи простории или простории со високи нивоа на светлина. Извонредното осветлување од 4000 лумени и долготрајната AC лампа, во комбинација со AISYS оптичкиот систем на Canon, обезбедуваат проектирање со високи перформанси во секое време.
Живописни бои, длабоки црни тонови Друга предност на AISYS оптичкиот систем на Canon е високиот сооднос на контраст од 1000:1. Тоа обезбедува живописни тонови на бои и вистински црни тонови во темните делови, за побогато доживување при гледањето.
Флексибилно поставување на проекторот Моторизираниот широкоаголен објектив со зум од 1,7x на Canon обезбедува лесно поставување на проекторот, со што е можно дури и проектирање на голема слика при мала оддалеченост. Може да се управува со далечински управувач или преку контролниот панел. Објективот има специјална облога која спречува појава на привидни облици и одблесок.
Професионален PHOTO режим на слика Наменскиот ‘Фото’ режим на слика нуди исклучително прецизна репродукција на боја кај фотографиите во сите услови на осветлување – при што интензитетот и тонот на амбиенталното осветлување автоматски се земаат во предвид. Исто така, проекторот се одликува со специјализирани Adobe RGB и sRGB режими на слика.
Едноставно автоматско поставување Поставувањето е брзо и едноставно. Автоматскиот фокус, автоматската корекција на боја на екран, автоматската вертикална трапезоидна корекција и автоматскиот избор на влезот обезбедуваат оптимално конфигурирање на проекторот, со едно притиснување на копче.
Речиси нечујно функционирање Тивкиот режим обезбедува речиси нечујно функционирање, со намален шум на вентилаторот од само 32dBA. Публиката ќе може целосно да се концентрира на вашата презентација, без шум во заднина кој го одвлекува вниманието.
Можност за HD Проекторот има можност за HD и верно може да репродуцира слики со висока дефиниција. HD приказот е подобрен со DVI (дигитален визуелен интерфејс) приклучок и обезбедува најдобар можен квалитет на слика. Поддршката за HDCP стандардот овозможува репродукција на шифрирана дигитална содржина.
Изборен мрежен адаптер Проекторот може да се поврзе на етернет мрежа преку изборниот RS-NA01 мрежен адаптер – со што се овозможува далечинско надгледување и контрола.
|