LCOS квалитет, XGA резолуција XEED X700 користи панели со LCOS за да проектира рамномерни, верни слики, без несаканиот ‘ефект на решетка’. Резолуцијата XGA (1024 x 768 пиксели) ја обезбедува потребната дефиниција за јасен, свеж текст и подвижни слики.
Неверојатно светло Со ултра-светли 4000 лумени, XEED X700 овозможува сликите да останат јасно видливи и при многу силно светло или во голем простор. Новата AC ламба нуди подобрена ефикасност и подолг век на сијалицата. Напредниот оптички систем на Canon, AISYS, ја оптимизира светлосната патека на проекторот, постигнувајќи моќен излез од компактна, лесна шасија.
Изненадувачки контраст Оптичкиот систем AISYS ги елиминира ограничувањата на на традиционалните проектори со LCOS. Резултатот е неверојатна стапка на контрастот од 1000:1 - давајќи тонови во бојата како во живо и длабоки црни бои, кои верно ја репродуцираат изворната слика.
Без одвлекување на вниманието Во тивкиот режим, XEED X700 е речиси бесшумен, со намалување на шумот на вентилаторот на само 31dBA - обезбедувајќи во просторијата да нема одвлекување на вниманието. За подвижни слики без треперење поддржан е приказ со прогресивно скенирање.
Објектив со зумирање Моторизираниот 1,7x Canon објектив со зумирање, со широк агол, проектира големи слики од мали растојанија, овозможувајќи флексибилно поставување на проекторот. Со моторизираниот објектив може да се ракува од контролната табла и од далечинскиот управувач. Облогата на објективот спречува двојна слика и блескање.
Едноставно поставување XEED X700 го прави поставувањето многу едноставно. Автоматското фокусирање го открива растојание на проекторот од екранот и се фокусира соодветно на тоа. Автоматската корекција на бојата на екранот ја открива бојата на површината на проектирање и ги оптимизира нагодувањата соодветно на тоа. Вертикалната корекција на трапезоидно изобличување е автоматска, спречувајќи дисторзија на сликата. Активната влезна порта може да се избира автоматски, со избор на Auto Input (автоматски влез).
Напредно поврзување Портата за DVI (Digital Visual Interface - дигитален визуелен интерфејс) на XEED X700, овозможува најдобар можен квалитет на сликата од дигитални извори. Поддршката за стандардот HDCP овозможува висок квалитет на репродукција на шифрирана дигитална содржина. Проекторот може да се контролира и преку Ethernet мрежа, преку изборниот мрежен адаптер.
Компактен дизајн Преносливата големина на XEED X700 го прави лесен за инсталирање. Со тежина од само 4,8kg, технологијата AISYS ја олеснува комбинацијата на висока осветленост и компактна големина.
|