Едноставен начин за складирање, гледање и споделување на вашите фотографии и видеоснимки на едно место

Откријте едноставен начин за складирање, гледање и споделување на вашите фотографии и видеоснимки во домот. Префрлете ги вашите најнови авантури со само еден допир на вашиот фотоапарат со NFC или вчитувајте и преземајте слики на едноставен начин од вашиот паметен уред преку апликацијата Connect Station. Потоа уживајте во нив на вашиот HD телевизор или споделете ги со пријателите и семејството преку интернет.

Поврзете се со Canon

Пејзаж

Поврзете се со Canon

Дознајте како нашите фотоапарати, печатачи и Connect Station CS100 со разни можности за поврзување, значително го олеснуваат споделувањето, печатењето, архивирањето и уживањето во вашите омилени видеоснимки и фотографии.

Погледни видео запис

Едноставно префрлување на слики

Брзо увезување на слики од вашиот фотоапарат со NFC, компјутер, мемориски картички и USB уреди

Технологиите NFC и Wi-Fi овозможуваат лесно префрлување на вашите најнови фотографии и видеоснимки од фотоапарати или видеокамери со NFC од Canon во Connect Station со само еден допир. Увезувајте ги безжично постоечките слики од вашата колекција во компјутерот преку домашната Wi-Fi мрежа или искористете ги отворите за мемориски картички и USB приклучокот за да ги увезете најновите дела од повеќе уреди. Тоа значи дека може да уживате во сите ваши драгоцени моменти на големиот екран во домот за неколку секунди.

USB-WI-FI

Наменска апликација за паметни уреди

Брзо и лесно преземање датотеки од вашите паметни уреди

Преземете ја бесплатната апликација Connect Station за уреди со iOS и Android и поврзете се автоматски со вашиот паметен уред за брзо и лесно пребарување, префрлување и споделување датотеки. Преземајте и вчитувајте слики и видеоснимки* на интернет, а потоа гледајте ги и организирајте ги во Connect Station преку практичниот интерфејс, кој е оптимизиран и за таблет-уреди и за телефони.

Чувајте сè на едно место

Складирајте фотографии и видеоснимки од различни уреди на едно место

Обединете ги сите фотографии и видеоснимки на едно место, благодарение на опциите за поврзување со повеќе уреди и хард дискот на Connect Station со капацитет од 1TB. Практичниот интерфејс овозможува едноставно организирање на фотографиите во албуми и гледање фотографии и видеоснимки. За поголема сигурност, може да направите резервна копија на надворешен хард диск од 1TB.

Слика од куќиштето на фотоапаратот

Споделување на едноставен начин

GPS демонстрација

Споделувајте слики на социјални медиуми, Cloud или друг Connect Station

Споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки преку социјалните мрежи или друг Connect Station на брз и едноставен начин. Вчитувајте содржини на Cloud услуги или социјални медиуми како Flickr®, Facebook™, Google™ и irista за поедноставно споделување и правење резервни копии. HDMI излезот ви овозможува да уживате во Full HD слики на вашиот телевизор заедно со семејството и пријателите.

Печатете без кабли

Печатете директно од Connect Station преку вашиот безжичен печатач

Пребарувајте. Изберете. Печатете. Connect Station се поврзува со вашиот безжичен печатач и ви овозможува да ги печатите сликите кои сакате да ги врамите или споделите со вашите пријатели. Едноставно гледајте ги вашите фотографии на телевизорот и изберете ги омилените кои сакате да ги испечатите.

безжични печатачи

* Споделувањето видеоснимки со апликацијата Connect Station ќе стане достапно на пролет 2017 година

Спецификации

Дознајте повеќе за функциите и можностите на Connect Station CS100.

Увезувајте фотографии и видеоснимки преку Wi-Fi и NFC

Увезувајте фотографии и видеоснимки преку Wi-Fi и NFC

Испраќајте и примајте

Испраќајте и примајте содржини од други Connect Stations

Секакви можности за поврзување

Секакви можности за поврзување

Меморија за складирање од 1TB

Меморија за складирање од 1TB

Погледнете ги сите спецификации

Учи и истражувај

Како да го поставите вашиот Connect Station CS100

Како да го поставите и користите вашиот Connect Station CS100

Овие видео записи ќе ве водат за време на поставувањето, поврзувањето, префрлувањето, прегледувањето, споделувањето и правењето резервни копии од вашите драгоцени спомени.

Погледнете ги видео записите

Препорачано за вас

Компатибилни производи