spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image spacer image
За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image spacer image
         
spacer image spacer image
spacer image Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Компактни печатачи за фотографија > SELPHY CP790 spacer image spacer image
spacer image

Canon SELPHY CP790
Компактни печатачи за фотографија

Архива на производи

SELPHY CP790

Сите корисници ќе можат да печатат со одличен квалитет со новиот SELPHY CP790, кој се одликува со 3.0” LCD екран во боја и големи копчиња со практичен распоред. Практичното интегрирано решение за складирање овозможува едноставно и уредно складирање.

Карактеристики

  • Практичен фото печатар и решение за складирање
  • Тркалце за лесно движење
  • 3.0" LCD екран во боја
  • Автоматска корекција на слика
  • Режим за креативно печатење
  • Печатење од фотоапарат или мемориска картичка*
  • Широк опсег на големини за печатење
  • Безжично печатење преку Bluetooth** и iRDA
  • Траење на отпечатените материјали од 100 години*
  • Батерија***
Најлесниот начин за забавно и креативно печатење.



Едноставно користење
Со својот кориснички прилагоден дизајн - кој вклучува големи копчиња за полесно ракување, привлечен екрански интерфејс и брза навигација со тркалцето за лесно движење – SELPHY CP790 овозможува печатење на дигитални фотографии за целото семејство. Испорачаниот SELPHY Photo Print софтвер користи говорни упатства кои ќе ве водат низ процесот на печатење.

Едноставно складирање
За дополнителна преносливост и лесно складирање, SELPHY CP790 е опремен со рачка за носење и интегрирано решение за складирање на печатачот, дополнителната опрема, хартијата и мастилото.

Голем LCD екран
Со големиот 3,0” LCD екран во боја вие ќе можете детално да ги разгледате вашите слики пред печатењето – или да ги трансформирате со помош на едноставните креативни функции на самата плоча.

Подобри слики на автоматски начин
Функцијата за автоматска корекција на сликата ги открива лицата во вашата слика и ја прилагодува нивната осветленост, боја и тон - за совршени портрети при секое печатење. Таа исто така овозможува остранување на ефектот "црвени очи" со помош на автоматската корекција на црвените очи, како и постигнување на појасни слики преку намалување на шумот.

Креативна забава при печатењето
Прилагодете ги вашите фотографии на повеќе забавни начини со режимот за креативно печатење. Доработете ги вашите слики со помош на изборот од рамки, или пак претворете ги незаборавните спомени во календари и фото дневници.

Печатење без потреба од компјутер
SELPHY CP790 ви овозможува моментално печатење од најпопуларните формати на мемориски картички*: едноставно вметнете ја картичката, одберете фотографија и притиснете на копчето "Print". Исто така, можете да печатите директно од кој било фотоапарат или видео камера компатибилни со PictBridge.

Широк опсег на големини за печатење
Печатете ги фотографиите во избор од разни големини*, вклучувајќи големина на поштенска картичка, кредитна картичка и широк формат – или дозволете им на децата да се забавуваат печатејќи сопствени налепници.

Безжично печатење
Печатете фотографии директно од мобилниот телефон, користејќи го вграденото инфрацрвено поврзување или изборниот Bluetooth адаптер.

Извонредно брзо печатење со трајност од 100 години
Кажете му збогум на чекањето на вашите фотографии. SELPHY CP790 се одликува со речиси моментално време на вклучување и овозможува печатење со фото-лабораториски квалитет за само 1 минута*. Доколку се чуваат во албум, отпечатените слики ќе ја задржат својата живописност и до 100 години*.

Моментално сушење
Специјалната облога обезбедува отпечатените слики да бидат суви на допир веднаш по појавувањето - така што тие можат веднаш да се подаваат и да останат заштитени од прскање со течности и лепливи прсти.

Печатете каде било
Со изборната батерија, SELPHY CP790 се претворува во комплетно пренослив печатач – совршен за одмори, надворешни услови или секаде, каде што немате пристап до напојување со енергија.

*Погледнете ги спецификациите за повеќе детали.
**Потребен е изборен адаптер.
***По избор.

Print page Испечати ја оваа страница arrow more

spacer image
Преземања
Брошури
Сродни производи
Дигитални компактни фото-апарати
Камкордери со висока резолуција
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
Дигитални SLR фото-апарати
spacer image
spacer image spacer image spacer image
spacer image
spacer image You Can Image spacer image spacer image
spacer image
spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2012 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap spacer image spacer image
spacer image spacer image spacer image spacer image
spacer image   © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба spacer image spacer image