|
|
|
Компактен, креативен и забавен, SELPHY ES3 обезбедува фотографии со квалитет како од фотолабораторија директно од вашата мемориска картичка или дигитален фотоапарат. Вградената меморија од 1GB ви овозможува да чувате слики за печатење секогаш кога ќе ве понесе расположението за тоа.
|
|
Карактеристики |
- Easy Photo Pack ги интегрира мастилото и медиумите
- Златни и сребрени мастила
- Компактен, вертикален дизајн со рачка
- Тркалце за лесно превртување и 3,5” LCD
- 1GB меморија
- Директно и безкабелско* печатење
- DIGIC II
- Оптимизирање на слика и уредување
- Копче за креативно печатење
- 100-годишни* отпечатоци
|
|
| Креирајте, чувајте и споделувајте секаква меморија. |
|
Easy Photo Pack интегрира мастило и медиуми За едноставна, чиста инсталација, SELPHY ES3 користи Easy Photo Packs – практични интегрирани касети за мастило и медиуми со капацитет до 50 листови. На располагање се неколку различни видови на медиуми - вклучително и големини на кредитни картички и разгледници и во боја и во црно-бело - пакувањата можат лесно да се заменат и кога се до пола истрошени.
Златни и Сребрени Easy Photo Packs Додадете сјај на вашите разгледници и покани со комбинирање на избраните функции за Креативно печатење со Златен или Сребрен Easy Photo Pack – достапен во пакети кои содржат мастило и 20 листови со големина на разгледница.
Компактен, вертикален дизајн со рачка Стилизираниот дизајн на SELPHY ES3 кој штеди простор е доволно мал што може истиот да се чува на полица или да работите со него на вашето биро. Цврстата рачка за носење го прави екстра лесен за носење и чување.
Тркалце за лесно превртување и 3,5” LCD во боја Големиот 3,5” LCD во боја обезбедува неверојатна прелиминарна слика и го олеснува уредувањето на сликата. Тој е поврзан со Тркалцето за лесно превртување на Canon заради брзо пребарување на слики и избирање на функции.
Вградена меморија SELPHY ES3 нуди 1GB вградена меморија која им овозможува на корисниците да ги чуваат и да ги печатат нивните омилени слики секогаш кога ќе го посакаат тоа. Сликите можат лесно да се префрлат на печатарот за неколку секунди.
Директно и безкабелско печатење Опциите за директно печатење вклучуваат PictBridge, за поврзување со дигитални фотоапарати и камкордери; влезови за најпопуларните видови на мемориски картички и вграден IrDA IR за печатење од мобилни телефони. Исто така на располагање има и незадолжителен Bluetooth адаптер.
DIGIC II DIGIC II процесорот на Canon обезбедува врвни слики и брзо работење.
Оптимизирање на слика и уредување Автоматската оптимизација на слика открива лица на сликата и ја коригира нивната осветленост. Позадините се оптимизираат засебно, давајќи ги најдобрите возможни резултати. Корисниците можат исто така да ги средуваат сликите, да ги коригираат црвените очи и да ги менуваат или истакнуваат боите со Мои бои.
Копче за креативно печатење Наменскиот тастер Креативно печатење нуди бројни начини за прилагодување на фотографиите - од балони за говор и филтер ефекти, до готови сликички и рамки за слики. Креативното печатење исто така им овозможува на корисниците да инкорпорираат нивни омилени снимки во проекти како календари или проекти со различен распоред.
100-годишни отпечатоци* Технологијата за печатење на Canon произведува отпечатоци со квалитет како од фотолабораторија кои остануваат јасни и живописни и до 100 години. Долготрајниот високо сјаен финиш го штити секој отпечаток од течности и лепливи прсти.
* Погледнете ги спецификациите за повеќе детали
|
|
 |
|