Печатачи за во домот

Canon SELPHY CP1000

Добијте отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет за неколку секунди, во секое време и на секое место, со овој мал и елегантен печатач за фотографии.

Придобивки

  • Компактен и пренослив фотопечатач кој е идеален за во домот или додека патувате

  • Брзо и едноставно печатење од фотоапарати, USB уреди или мемориски картички

  • Создавајте долготрајни спомени со издржливите испечатени материјали со фотолабораториски квалитет

  • Избор на завршни обработки со стандардни фото хартии

  • Создавајте фотографии за документи според широко прифатени стандарди

Детални карактеристики

  • Извонредно компактен и пренослив фото печатач

    Извонредно компактен и практичен за носење, фотопечатачот SELPHY CP1000 нуди брзо и сигурно печатење фотографии со професионален квалитет, секаде каде што имате потреба за тоа.

  • Едноставен за користење

    Секој може да печати со практичниот дизајн кој е надополнет со LCD екран од 6,8 cm (2,7”) за лесно прегледување и интуитивни менија со инструкции на екранот за полесна навигација. Лесно зачувајте ги омилените поставки за печатење за да добивате доследни резултати.

  • Печатење со фото-лабораториски квалитет

    Печатете долготрајни фотографии со професионален квалитет за помалку од 1 минута. Технологијата за сублимација на бои обезбедува врвна длабочина и градација на бои без долго чекање.

  • Спомени кои траат

    Специјалниот прекривен слој ги заштитува испечатените материјали од прскање, истурање течности и избледување и тие можат да траат до 100 години ако се складираат во албум. Можете да нанесете 3 различни полусјајни завршни обработки за дополнителна заштита од отпечатоци од прсти и да создадете сличен изглед на традиционалните отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет, без потреба да менувате какви било потрошни материјали.

  • Без изненадувања

    SELPHY CP1000 овозможува мали трошоци за печатење, со одличен квалитет и практичност. Освен тоа, ќе имате потполна контрола со дефиниран број на печатења кој е впишан на секое пакување со потрошни материјали. Уживајте во уште помали трошоци за печатење со медиумите во поголемите пакувања.

  • Печатете на ваш начин

    За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен со PictBridge, директно со печатачот. За да добиете поголема флексибилност, можете да печатите од широка палета на мемориски картички или од USB флеш уреди.

  • ID Photo Print

    Без разлика дали се работи за деловна или домашна употреба, функцијата за печатење фотографии за документи со водич за обликување на кадри со лица ви овозможува брзо и едноставно создавање и печатење фотографии за документи во голем број усвоени големини. Двојното печатење на фотографии за документи ви овозможува да испечатите 2 фотографии за документи со различна големина на еден лист хартија, а испечатените насоки за сечење овозможуваат поголема прецизност при сечењето.

  • Широк опсег на големини за печатење

    Печатачот нуди многу начини за споделување на вашите спомени, меѓу кои и големина на поштенска картичка, квадрат¹ или кредитна картичка¹ - сето тоа за неверојатно брзо време.

  • Подобрете ги вашите фотографии

    Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица обезбедува врвни резултати. Таа врши интелигентна корекција на несовршеностите во сликите и истовремено го намалува непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.

  • Печатење во движење

    Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено, со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L, која практично се прикачува на задната страна на печатачот. Едно полнење обезбедува над 36 отпечатени листови со големина на поштенска картичка.

Спецификации

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

  • Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување

  • Компатибилност со SD и CF картички

  • Изберете помеѓу сјајни или 3 полусјајни завршни обработки

  • Практично печатење од USB мемориски уред

  • Двојно печатење на фотографии за документи со опции за поголеми димензии

  • Интелигентна корекција

  • Долготраен квалитет од Canon

  • Печатете во движење

  • Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика

Што содржи кутијата

  • Компактен фото печатач SELPHY CP1000

  • Касета за хартија (големина на поштенска картичка)

  • Компактен адаптер за напојување CA-CP200 B

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење