Печатачи за во домот

Canon SELPHY CP1200

Извадете ги спомените од вашиот паметен телефон без напор и претворете ги во слики со врвен квалитет што ќе траат доживотно.

Придобивки

  • Едноставно и брзо печатење од вашиот мобилен уред

  • Создавајте долготрајни спомени со издржливите отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет

  • Едноставна креативност и контрола без напор

  • Компактен, стилски и пренослив фотопечатач

  • Избор на завршни обработки со стандардни фотохартии

Детални карактеристики

  • Едноставно и брзо печатење од вашиот мобилен уред

    Печатете директно од вашиот мобилен уред без напор со Apple AirPrint или преку апликацијата Canon PRINT Inkjet/ SELPHY. Наменското копче за Wi-Fi ви нуди моментален пристап до поставките за Wi-Fi за да можете да се поврзете брзо и да печатите безжично. Исто така, ќе можете да печатите од мемориски картички, USB флеш уреди или фотоапарати компатибилни со PictBridge.

  • Создавајте долготрајни спомени со издржливите отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет

    Печатете со фотолабораториски квалитет за помалку од 1 минута. Технологијата за сублимација на бои со 300 dpi нуди спектар од 16,8 милиони бои и создава извонредна длабочина и градација на боите, а автоматската оптимизација на сликата интелигентно ги коригира несовршеностите во сликите.

  • Едноставна креативност и контрола без напор

    Подобрете ги вашите спомени на многубројни креативни начини, за само неколку секунди. Можете прецизно да го прилагодувате печатењето во боја и лесно да создавате и печатите фотографии за документи во голем број усвоени големини. Користете ја функцијата за двојно печатење на фотографии за документи за да отпечатите 2 фотографии за документи со различна големина на еден лист хартија, со отпечатени насоки за сечење за поголема прецизност при сечењето.

  • Компактен, стилски и пренослив фотопечатач

    Благодарение на стилскиот, иновативен и практичен дизајн кој совршено одговара во секој модерен дом, овој извонредно компактен печатач кој е практичен за носење нуди брзо и сигурно печатење фотографии со професионален квалитет, секаде каде што имате потреба за тоа. Отпечатете до 54 фотографии во движење со изборната батерија со голем капацитет.

  • Избор на завршни обработки со стандардни фотохартии

    Специјалниот прекривен слој ги заштитува отпечатените материјали од прскање, истурање течности и избледување и тие можат да траат до 100 години ако се складираат во албум. Можете да нанесете 3 различни полусјајни завршни обработки за дополнителна заштита од отпечатоци од прсти и да создадете сличен изглед на традиционалните отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет, без потреба да менувате какви било потрошни материјали.

Спецификации

  • Безжично печатење за неколку секунди

  • Едноставно печатење од уреди од Apple

  • Едноставно поврзување со паметни уреди

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

  • Изберете сјајна или полусјајна завршна обработка

  • Долготраен квалитет од Canon

  • Налепници со квадратна големина

  • Налепници со големина на кредитна картичка

  • Печатење на креативни мини налепници

  • Печатење со големина на поштенска картичка

  • Напредни опции за големина на фотографии за документи

  • Интелигентна корекција

  • Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика

  • Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување

  • Компатибилност со SD картички

  • Практично печатење од USB мемориски уред

  • Печатете во движење

Што содржи кутијата

  • SELPHY CP1200

  • Касета за хартија PCP-CP400 (големина на поштенска картичка)

  • Компактен адаптер за напојување CA-CP200 B

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење