Пристапно печатење Canon го прави печатењето фотографии со висок квалитет пристапно за сите.
Лесен за користење Само поврзете го вашиот дигитален фотоапарат - или вметнете ја мемориската картичка - за величествени резултати со само едно притискање на копче. Печатењето од компјутер е исто така брзо и непосредно. Обезбедениот софтвер го олеснува организирањето, подобрувањето, споделувањето и печатењето фотографии од вашиот компјутер.
Директно печатење Компатибилен со сите PictBridge и Canon Direct Print уреди. Печатете директно од кој било компатибилен дигитален фотоапарат или камера - не е потребен компјутер.
Издржливи отпечатоци Технологија на сублимација на боја со 300 dpi испорачува отпечатоци со величествен квалитет, кои траат и до 100¹ години во албум. Облога која суши моментално ги штити сликите од испрскување, истурање и од лепливи прсти.
Кориснички прилагоден ЛЦД Дарежливиот 2,0" ЛЦД во боја нуди лесно ракување со интерфејс базиран на икони. Гледајте ги сликите од мемориската картичка. Избирајте параметри за печатење. Приказот со полн екран ви дозволува да ги видите своите фотографии со остри детали, пред да ги печатите.
Едно-минутна фотолабораторија Печатење поштенски картички без рамка за приближно 58 секунди¹. Брзото стартување значи уште помалку чекање на отпечатоците.
Збогум црвени очи Корекцијата на црвени очи е вградена директно во печатачот, така што можете да го вратите природниот изглед на црвените очи без да ви треба компјутер.
Безжично печатење Благодарение на изборниот Bluetooth адаптер можете да печатите директно од повеќето мобилни телефони.
Стилски и компактен Атрактивен дизајн кој ќе го надополни секој современ дом Нема веќе заплеткани и загубени кабли. USB кабелот што се собира педантно се сокрива кога не се користи.
Разновиден и практичен Пакувањата мастило и хартија¹, кои лесно-се-менуваат, ги има во палета големини за печатење, вклучувајќи поштенска картичка, широки и мини-налепници.
* Погледнете ги спецификациите за повеќе детали.
|