Печатачи за во домот

Canon SELPHY CP900

Безжично печатење на фотографии на едноставен начин

Придобивки

  • Извонредно компактен и пренослив фото печатач

  • Поврзување со Wi-Fi

  • Брзо печатење на долготрајни материјали со фото-лабораториски квалитет

  • 6,8 cm (2,7”) LCD екран со закосување

  • Печатење од мемориски картички, фотоапарати или USB уреди

  • Широк опсег на големини за печатење

  • Автоматска оптимизација на сликата

  • ID Photo Print

  • Изборна батерија

  • SELPHY Photo Print софтвер

Детални карактеристики

  • Извонредно компактен и пренослив фото печатач

    Фото печатачот SELPHY CP900 совршено се вклопува насекаде низ домот и е доволно пренослив за да можете да го носите на забави и семејни собири.

  • Поврзување со Wi-Fi

    Поддршката за Wi-Fi ви овозможува брзо и едноставно печатење од Smartphone уреди, таблет уреди, компјутери и компатибилни фото апарати без кабел.

  • Брзо печатење на долготрајни материјали со фото-лабораториски квалитет

    Секој ќе има можност да печати долготрајни фотографии со професионален квалитет за помалку од 1 минута со едноставно притиснување на копче. Технологијата за сублимација на бои обезбедува врвна длабочина и градација на бои за добивање на сличен изглед и чувство како традиционалните отпечатени материјали со фото-лабораториски квалитет без долго чекање. На пример, едно печатење со големина на поштенска картичка се печати за приближно 47 секунди. Специјалниот прекривен слој ги заштитува испечатените материјали од прскање, истурање течности и избледување, а доколку се чуваат во албум ќе траат до 100 години.

  • 6,8 cm (2,7”) LCD екран со закосување

    Практичниот дизајн вклучува LCD екран од 6,8 cm (2,7”) со функција за закосување која овозможува едноставно ракување и прегледување. Упатствата на екранот се разбирливи и нудат поддршка на 13 јазици.

  • Печатење од мемориски картички, фотоапарати или USB уреди

    За брзо печатење, поврзете го вашиот фотоапарат, кој е компатибилен со PictBridge, директно со печатачот. Исто така, ќе можете да печатите од широка палета на мемориски картички, вклучувајќи и SDXC, преку вградениот читач на картички, како и од USB флеш мемориски уреди за да добиете уште поголема флексибилност.

  • Широк опсег на големини за печатење

    Печатачот нуди многу начини за споделување на вашите спомени, меѓу кои и големина на поштенска картичка (148 x 100mm), квадрат (50 x 50mm) или кредитна картичка (86 x 54mm) – сето тоа за неверојатно брзо време.

  • Автоматска оптимизација на сликата

    Автоматската оптимизација на слика со откривање на сцени и лица обезбедува врвни резултати. Таа ги открива и ги коригира несовршеностите во сликите, прилагодувајќи ја осветленоста и боите на сцените и лицата, а истовремено го намалува и непосакуваниот шум, внесувајќи дополнителна јасност и бои во вашите испечатени материјали.

  • ID Photo Print

    Без разлика дали се работи за лична или професионална употреба, ID Photo Print со водич за обликување на кадри со лица ви овозможува да создавате и печатите фотографии за документи во големини кои се широко прифатени или да поставите големина по ваш избор. Печатете повеќе фотографии за документи во иста или различна големина на еден лист за да заштедите хартија.

  • Изборна батерија

    Печатете додека патувате, во затворени простории или на отворено, со помош на изборната батерија на полнење NB-CP2L (потребен е адаптер за полнач CG-CP200). Едно полнење обезбедува над 36 отпечатени листови со големина на поштенска картичка.

  • SELPHY Photo Print софтвер

    Испорачаниот софтвер SELPHY Photo Print ви овозможува едноставно создавање на сопствен календар, избор на украсни рамки или вметнување на слики и балони за дијалози во материјалите за печатење со режимот за креативно печатење.

Спецификации

  • Безжично печатење за неколку секунди

  • Печатење од фотоапарати преку USB или Wi-Fi

  • Брзо печатење со фото-лабораториски квалитет

  • Голем LCD екран кој се закосува нагоре за едноставно прегледување

  • Компатибилност со SD картички

  • Практично печатење од USB мемориски уред

  • Напредни опции за големина на фотографии за документи

  • Интелигентна корекција

  • Долготраен квалитет од Canon

  • Печатете во движење

  • Oтпечатете го само најдобриот дел од вашата слика

  • Печатење со големина на поштенска картичка

  • Налепници со квадратна големина

  • Печатење со големина на кредитна картичка

  • Налепници со големина на кредитна картичка

  • Печатење на креативни мини налепници